Почина познатиот македонски уметник Илија Кочовски на 77 годишна возраст. Роден во Битола 1945 година, а дипломирал на Академија за ликовна уметност во Белград. Кочовски создаде уметност со впечатлив распознатлив ракопис во современото македонско ликовно творештво изразувајќи се преку цртеж графика и сликарство.
Во ликовното творештво и на јавни ликовни манифестации присутен е од 1967 година. Кочовски приредил 30 самостојни изложби, 17 со Ликовната група 77, учествувал на голем број групни национални и меѓународни изложби од кои позначајни се оние во Париз, Лондон, Глазгов, Стокхолм, Буенос Ариес, Белград, Љубљана, Софија, Варна, Канагава, Мелбурн, Харов, Рациборш, Вироинвал, Прахова, Анкара, Истанбул. Кочовски е ликовен уметник кој со своите уметнички експозиции ја афирмира битолската ликовна сцена низ светот. Член е на ДЛУБ, ДЛУМ и на Ликовната група ,,77“. Учествувал на повеќе ликовни колонии, симпозиуми… Добитник е на голем број награди од кои се издвојуваат: ЛИКУМ, Годишна изложба ДЛУМ 1985, Ноемвриска награда на Уметничка галерија Битола; 1988, Ноемвриска награ да за извонредни резултати во твореш твото Битола; 1991, Диплома на 1. Меѓународно графичко триенале Битола; 1994, Откупна награда на НУБ ,,Климент Охрид ски“ 1995, Мајска награда на ДЛУБ; 1996, Мијачки зографи, 27. Графичка изложба на ДЛУМ; 1998, наградата 4-Ноември на град Битола; 1999, Награда за Ex Libris Ријека-Хрватска; 2006, Награда ,,Б. Траиковски“ на ДЛУБ, Битола.
Шестиот, пролетен број на книжевното списание „Книжевни елементи“ во издание на Здружението „Перун Артис“ од Битола, излезе од печат на рекордни 240 страници. Уредник на ова списание е Сашо Огненовски. Списанието „Книжевни елементи“ за коешто интересот се зголемува со секој нов број, може да се најде во книжарниците во Скопје и Битола. Во шестиот број…
Во издание на „Или-Или“ излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. Книгата е достапна во книжарницата на „Или-Или“, а во рамките на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во салата „Борис Трајковски“, авторката ќе ја потпишува на 6 мај од 17-19 часот. „Јазикот е чудна…
На пристапната изложба на новите членови на ДЛУБ, којашто беше отворена во ликовниот салон на ДЛУБ на 28 април, се претставија новите членови со нивните дела, достојно претставувајќи се, секој со свој, својствен уметнички израз. А тој е најдобар показател за нивните стремежи, мотиви и инспирации, израз преку кој имаат што да кажат и што…
(Кон претставата „Цемент“ од Хајнер Милер во режија на Себастијан Хорват и во продукција на Загребачкиот Театар на Младите од Загреб. Гл. Улоги: Ракан Рушаидат, Наташа Копеч, Сретен Мокровиќ, Уго Корани, Пјер Меничанин, Дадо Ќосиќ, Барбара Прпиќ, Петра Свртан, Милица Манојловиќ, Тина Орландини, Миливој Беадер, Ведран Живолиќ, Матео Видек, Тома Медвешек.) „Цемент“ е драмски текст…
Во долгите „дебати“ со мои блиски пријатели и другари на кои општествен интерес и една од занимливите теми за муабет им е политиката и сѐ поврзано со неа честопати филозофираме на темата зошто дојдовме до ова дереџе како нација и држава и зошто не може никако, за жал, и никогаш да се оправиме?! Најчесто констатираме…
(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц) „Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001…
(За романот „Хроника на сомнежот“ од Владислав Бајац во издание на Авант прес, Скопје, 2021) Турбулентните времиња на повоена Југославија оставија многу измешани чувства, многу непреспиени ноќи, многу недоумици, многу политизирања и деполитизирања, но и многу сомнежи кои во романот на Владислав Бајац се артифициелизираат како наративни струи испреплетувајќи се со неговиот искуствен сублимат од…
УВОД ИЛИ ВО ПРЕГРАТКАТА НА ДОЛГОТРАЈНИОТ МИГ „Космичко лате“ е кореодрама која не вовлекува во едно многу симтоматично, но многу продуктивно промислување на она што не можеме да го пронајдеме во длабочините на времето, но можеби можеме да се вовлечеме во претпоставките или да си направиме самите на себеси ветувања што ќе ги исполниме низ…
Напишете коментар