(Кон поетската збирка „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска Трајковска во издание на Книгоиздателство МИ-АН од Скопје, 2021)
Тежок е патот и непознат кон проникнувањето во внатрешните, духовни превирања и нивните осцилации додека ги прифаќаме лагите и измамите на материјалниот свет.
Даниела Андоновска Трајковска
Компромисот во тие процеси е скоро фатален, па така и искуството во тие истражувања е неегзактно, подложно на промени и недоследности. „Пеш по воздушна линија“ на Даниела Андоновска Трајковска е поетска авантура која во формална смисла се провлекува низ една линија на сублимирање на стиховните конструкти кои се протегаат од песни со поопсежна дескриптивна палета до песни кои се во просторот на хаику поезијата. Сепак, оваа поетска збирка е по многу нешта поинаква од она што оваа талентирана поетеса го пишувала досега. Имено, вечната егзистенцијалистичка нишка во сите поетски експресии кои подразбираат филозофски понирања во оваа збирка се кондензираат низ капки задушена емоција провнати низ иглените уши на рефлексијата. Андоновска Трајковска не се откажува од суптилноста на својот стил, но не се повелекува ни од предизвикот да потоне во непознатите предели на изразот. Кога зборуваме за емотивната гама на оваа поезија имаме во предвид дека таа емоцијата ја води од точката на фасцинација па се до врвот на егзалтацијата. Оваа поетеса говори за силата на љубовта, е не за екстазата, не за конзумацијата, не за патетиката. Затоа, би рекле дека суптилноста низ овие стихови не допира како чувствено сеќавање, како еден одамна избледен прагматизам што тлее во нас како одговор на сензации, но не издава секогаш кога сакаме од тоа да направиме некаква духовна компетитивност.
Поетската збирка „Пеш по воздушна линија“ е поделена на седум циклуси озаглавени со стихови од песни. Кога ќе ги погледнеме насловите ќе видиме дека наспроти формалната линија која ги движи песните од најопсежните кон најмалите, во тематска смисла поетската збирка се движи од љубовта како духовна фасцинација па се до филозофските врвови на вечно поставените прашања за смислата на постоењето. Низ овој пат овие теми се преформулираат, се преконтекстуализираат, се надополнуваат и се преослободуваат најмногу низ мудрите конверзации на авторката со она што значи опседнатост и опскурност, но и со она што значи истрајност и себепронаоѓање. Од циклус во циклус поетесата во втор план спроведува едно многу луцидно себеиспитување, и една недвосмислена расправа „на тркалата на невозможното“ (Подземни стихови), едно сериозно предупредување дека љубовта нема можност за постоење во се повеќе исфрлениот на површина црно-бел свет.
Андоновска Трајковска в оваа поетска збирка повремено зборува и за логосот како рефлексија на мислата, за импактноста и фаталноста на зборот. Во просторот на љубовта и егзитенцијалноста, овие согледби се еден вид на филозофски меѓник од кој се издвојува како екстрат алегоријата на достојноста на толкувањето на она што е во нас и она што е надвор од нас:
„колку ли долго чекам во ова тело
да дојде зборот и да ме подигне до мене самата
за да бидам своја
кога ќе ме повикаат да сведочам лазжно
за еден збор и за една песна.“
(Зборот и песната)
Каде е нашиот свет – оној што сме го замислувале и оној што го живееме потикнати од огромен број нна собитија што немаат никаква врска со нас, со нашата филозофија, со нашето микро страдање како дел од една колективна патологија. Велам патологија затоа што столетието кое само што започнало емоцијата ја заменува со патетика, а креативното лудило со патолошка индолентност и Андоновска Трајковска тоа мошне умешно го претвора во слоевит и комплексен стих:
„на крцкави дрвешни штици
живеат моите стихови
како на обелиск што се врти
на тркалата на невозможното
за да создадеме време што ќе трае во сегашноста.“
(Подземни стихови)
Во оваа стиховна рефлексија се крие и едно „подземно“ значење кое не пренесува жедни преку вода само за да ни предочи дека нашите копнежи не се на ниво на соништа, дека натуралистичките и материјалнни толкувања на животниот тек се движења кои се повеќе и повеќе добиваат на таксативност отколку на следство и предодреденост. Поетесата низ овие стихови се фаќа во костец со реалитет од кој извира црна и бесмислена непослушност и кој продуцира духовни жртви.
„Пеш по воздушна линија“ зборува и за вродената деструкција, како и за човековата крволочност од кои „иднината се чува сама“ (Живот). Андоновска Трајковска во деловите полни со хаику песни доловува еден светоглед кој се чини дека одамна раскрстил со тактилноста како протест против материјалистичката хипокризија. Затоа и несвесното „зрнце песок кое не знае дека е карпа“. Она што најмногу импонира во оваа поетска збирка која е деконцептуализрана, но е длабоко контекстуализирана со нејзиното рефлективно стиховно ткиво е нејзиниот феноменолошки лакмус. Стиховите во оваа поетска збирка се напластуваат и градејќи еден имагинативен свет на погоре споменатата опскурност и недоследност, тие се вовлекуваат во себе еманирајќи зраци светлина низ хаику исцедоците:
„на земјата и расте друга земја
како мозолка
а во неа – нашата бездушност“
(Земја и човек)
Се чини дека тука лежи и причината зошто циклусите на оваа поетска збирка се озаглавени со стихови од истата – заради пресипитувањето на ставовите и пораките на стиховите со другите стихови. Таа последователност е совршено продуктивна и во естетска и во фигуративна смисла и со себе носи една многу пријатна и сугестибилна иновативност.
Перси Шели во својот есеј „Одбрана на поезијата“ вели: „Поезијата го крева превезот на скриената убавина на светот и прави познатите предмети да бидат како да не се познати.“ Непознатото е вечен предизвик за секој книжевник, а Даниела Андоновска Трајковска во оваа поетска збирка говори за една непознатица внатре, во светот во кој ние конечно ги искусуваме сите предизвици, додека низ „воздушната линија“ минуваме само со силна вера во етеричноста и желбата да се одвоиме од земјата макар на неколку центиметри.
Овде сепак помислуваме на тоа дека зрнцето песок постојано го има копнежот да постане карпа, а брановите пак непослушно ги ронат тие карпи правејќи многу зрнца за светот повторно да не робува на компромис. „Пеш по воздушна линија“ зборува за онтологијата на една одамна нарачана бесмртност која никако да стигне, но и за концептуализирањето на една современост од која бегството е безумие на кое никако да се одлучиме.
Научниците откриле нов, брз начин на разложување на пластиката со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за истражувачки тим од Универзитетот на Тексас во Остин кој успеал да модифицира ензим со кој се разложуваат состојките на полиетилен терефталат, кој често се користи во пластиката. Модифицираниот ензим ја разложил пластиката за една недела. Со досегашните методи,…
Шестиот, пролетен број на книжевното списание „Книжевни елементи“ во издание на Здружението „Перун Артис“ од Битола, излезе од печат на рекордни 240 страници. Уредник на ова списание е Сашо Огненовски. Списанието „Книжевни елементи“ за коешто интересот се зголемува со секој нов број, може да се најде во книжарниците во Скопје и Битола. Во шестиот број…
Во издание на „Или-Или“ излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. Книгата е достапна во книжарницата на „Или-Или“, а во рамките на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во салата „Борис Трајковски“, авторката ќе ја потпишува на 6 мај од 17-19 часот. „Јазикот е чудна…
На пристапната изложба на новите членови на ДЛУБ, којашто беше отворена во ликовниот салон на ДЛУБ на 28 април, се претставија новите членови со нивните дела, достојно претставувајќи се, секој со свој, својствен уметнички израз. А тој е најдобар показател за нивните стремежи, мотиви и инспирации, израз преку кој имаат што да кажат и што…
(Кон претставата „Цемент“ од Хајнер Милер во режија на Себастијан Хорват и во продукција на Загребачкиот Театар на Младите од Загреб. Гл. Улоги: Ракан Рушаидат, Наташа Копеч, Сретен Мокровиќ, Уго Корани, Пјер Меничанин, Дадо Ќосиќ, Барбара Прпиќ, Петра Свртан, Милица Манојловиќ, Тина Орландини, Миливој Беадер, Ведран Живолиќ, Матео Видек, Тома Медвешек.) „Цемент“ е драмски текст…
Во долгите „дебати“ со мои блиски пријатели и другари на кои општествен интерес и една од занимливите теми за муабет им е политиката и сѐ поврзано со неа честопати филозофираме на темата зошто дојдовме до ова дереџе како нација и држава и зошто не може никако, за жал, и никогаш да се оправиме?! Најчесто констатираме…
(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц) „Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001…
(За романот „Хроника на сомнежот“ од Владислав Бајац во издание на Авант прес, Скопје, 2021) Турбулентните времиња на повоена Југославија оставија многу измешани чувства, многу непреспиени ноќи, многу недоумици, многу политизирања и деполитизирања, но и многу сомнежи кои во романот на Владислав Бајац се артифициелизираат како наративни струи испреплетувајќи се со неговиот искуствен сублимат од…
Напишете коментар