Култура

„Внимавај кој волк го храниш“, бестселер, сега и на македонски јазик

„Внимавај кој волк го храниш“ е најновата книга на д-р Кенан Црнкиќ, автор на регионални бестселери за успехот и за среќата што секој од нас се стреми да ја достигне да ја оствари на начин на кој ја замислил и смета дека ја заслужува. Книгата излезе и на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Топер“. Неговите книги „7 тајни за успехот“ и „Надживејте го животот“ се регионални бестселери кои се објавени на неколку странски јазици но и на Брајово писмо. Д-р Кенан Црнкиќ кој е роден во Зеница во Босна и Херцеговина, е доктор по економски науки, специјалистичките студии ги завршил на Harvard Business School, Харвард бизнис скул и e професор на повеќе странски универзитети.

„Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој автор, напишана со лесен, едноставен и препознатлив стил, кога се работи за вакви мотивациски содржини. Книгата содржи корисни совети кои предизвикуваат мотивациони чувства кај читателот, корисни совети кои се содржани во книгата и кон кои може одново и одново да се навраќа. Најразлични приказни кои лесно се паметат, полни со мудрости, коишто се одличен почеток, иницијална каписла што ќе го наведе на размислување и ќе предизвика поттик кај читателот да смени нешто на подобро во неговиот живот.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *