(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц)
„Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001 година’“, „Бевме како зомби. Не слушавме ништо“: одекнуваше во театарската сала на Словенскиот Младински театар каде публиката заедно со актерите ги следеа страотните факти за понижувањето на бегалците од блискоисточните држави низ Словенечките, Хрватските и Босанските граници. „Игра“, така го нарекувале суровите полицајци грозоморното испрашување и тероризирањето на овие луѓе кои избегале од своите огништа во налетот на војната. Жига Дивјак и со оваа претстава ги отвора раните на силната автократија во склоп на државничките апарати на транзитивните земји. Оваа претстава изобилува со факти, со бројки и изјави, изобилува со една горчина која ја чувствувате додека актерите говорат за ужасот на бегалците што се случил пред многу кратко време, за еден временски период за којшто не би поверувале дека можело да се случи сето тоа затоа што сега е, нели, дваесет и први век и таквиот начин на однесување, таков вид на понижување и дехуманизација веќе не „постои“? Текстот врз кој е градена претставата се состои од извештаи, од бројки, од односи, од горенаведената фактографија и изјави на самите бегалци, додека режисерскиот концепт, излегувајќи од целата таа маса на податоци се провлекува низ значенскиот ракурс на тие факти и тоа преку процесот на нивното емотивно метаболизирање. Тоа вмрежување на фактите со симпатиката на нивното пренесување води кон сценска адаптација која се движи по рабовите на својот ригидитет. Што значи тоа? Сите ужасни настани што се случувале на границите и поетиката на злоставувањето станува трактат кој актерите го одбележуваат и го пренесуваат со истата енергија со којашто режисерот ја конципира претставата. Имено, мапата што се простира пред нас е послана со реквизити на бегалците, а тоа е и траекторија низ која актерите навлегуваат во јадрото на сите тие случувања. Тука се поставува прашањето: зошто оваа претстава нема драматуршка подлога, зошто нема ликови и нема конвенционален драмски тек? Зошто грозоморните судбини на бегалците од Сирија, Авганистан и од Афричките држави не инспирирале да се напише драмски текст како оној на Тони Кушнер наречен „Домаќинка/Кабул?“ Би рекол затоа што аргументацијата со себе го носи впечатокот на конечност и погубност. Во режисерскиот јазик на Жига Дивјак бројката и зборот значат смрт или раѓање, борба или субмисивност, сегрегација или разбирање, но нивната вмреженост значи повик, порака и крик. Актерксиот сензибилитет во пртставата го носи со себе целиот тој метаболитички процес. Актерите се повторно меѓу нас, говорат покрај нас, фактите се нижат како куршуми, а погубноста на репресијата на дваесеттиот век ја чувствуваме со секоја изговорена реплика. „Игра“ зборува за едно време за кое многу се плашиме дека нема да запре овде, на овие настани, за време кое застрашувачки се надвило над нас како црна измаглица, за една човечка дисонантност од која нема излез, за нешто што е се помалку рационализирано и се помалку познато а се движи во маглата како сенка. Примож Бејзак, Вито Вајс, Маруша Облак, Сара Дирнбек и Матеј Пуц ги одигруваат оние настани за кои зборуваат низ нивните силни и импактни поттексти, тие ГОВОРАТ како да го одживуваат целиот тој ужасен егзодус, го пренесуваат на нас токму на тој симпатички начин на којшто се вклучуваме кога слушаме како некој ни раскажува приказна за понижувањето кое го видел или го доживеал. Иако преставата во целиот свој тек се базира на тој раскажувачки театар, во таа тишина која боли меѓу секој раскажан настан ние го чувствуваме сето она што не сме го знаеле, а се случувало на не голема далечина од нас. Токму така, овие сјајни актери се нагрнале со силна мотивираност и во тие стотина минути ни открија уште едно од човечките зла кое, за жал, се уште не е заврешно. Нивниот актерски сензибилитет е клучен за впечтливоста на целата претстава, нивната порака заедно со пораката на режисерот е силна и безрезервна, а нивната енергија за секој респект.
„Игра“ се случува на сцена каде што е и публиката. Меѓу два реда публика, во правоаголен простор кој е мапа на трите држави, а врз кој се собираат остатоците од личните нешта на бегалците. Во тој инспиративен простор на Игор Васиљев се движи целата таа сага на човековото одродување и понижување. Костимите на Тина Павлович се надополнуваат во таа поетика на реалитетот кој режисерот многу мудро го користи како визуелна подлога врз која ја гради својата претстава. Тука е и напати доминантната музика на Блаж Грацар чии акценти делуваат застрашувачки.
Досега не се повлекла никаква линија под поглавјата на насилството било каде на земјината топка. „Игра“ не е интригантна претстава. Таа е уметнички продукт чија порака е исклучително важна за опстанокот на човекот. „Игра“ зборува за наместениот легитимитет на насилството, за неговиот прикриен концепт, за премолчаната смрт, за понижувањето кое се чини дека никогаш не застарува. Таа зборува за судбините што се губат некаде во маглата на отчовечувањето, за долгите и непокриени траги на војната која повторно се разгорува, за непочитувањето на човекот од човекот, како и за биографиите кои времето ги брише со еден потег. „Игра“ на Жига дивјак, и воопшто неговите режии носат едно ново промислување на театарскиот миг, еден нов приод кој станува правец во прочитот на театарската уметност, линија на мислење која повторно ја враќа неговата актуелност, ја враќа неговата влијателност и во општетсвениот и во политичкиот живот. Секако, со оваа претстава Дивјак говори и за огромното и непростливо поместување на човековите критериуми во негативна насока, за неповратноста на изгубената вредност, како и за демотивираноста на човекот да го поитува, но и да го спаси својот вид.
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…
(Кон претставата „Лимениот барабан“ по романот на Гинтер Грас, во адаптација и режија на Васил Христов, а во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ) Гинтер Грас е круцијален книжевник кој во својата проза ја преврти ракавицата на политичките „реформатори“ и на…
(Кон претставата „Развојниот пат на Боро шивачот“ од Алексаднар Поповиќ во режија на Егон Савин и во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Ирфан Менсур, Бранислав Лечиќ, Небојша Миловановиќ) Необичноста на драмскиот автор Александар Поповиќ лежи во чудните дијалошки лупинзи кои само тангенцијално го допираат апсурдизмот од шеесеттите…
Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на…
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина…
(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Градскиот театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец, Јуриј Древеншек.) Дали Ибзеновата Нора е феминистички апстракт или нејзиниот проблем е институционален кога е во прашање бракот? Ова прашање лебди во воздухот, но сепак…