„Мијачка“ е најновото кореографско решение на Марјан Андоновски
— 23 мај, 2022
„Мијачка“ е првото кореографско решение на етнокореологот Марјан Андоновски, што премиерно беше изведена на последниот годишен концерт на НУ Танец. Марјан Андоновски оваа година го прослави својот 15 годишен јубилеј како играрец во „Танец“. Неговите сценски достигнувања се препознатливи по изведбата на бројни солистички и истакнати точки на повеќе од 350 концерти и настапи во земјава и надвор од неа.
Марјан Андоновски
Како етнокореолог кој своите познавања од областа на народната игра ги надополнува со професионално сценско искуство, по направените бројни теренски истражувања изминативе години Марјан одлучи да го создаде првото кореографско решение „Мијачка“ посветена на богатата традиционална култура на Мијаците од етничкиот предел Мала Река.
„Целта на ова дело беше да се направи сценска адаптација на народните игри и песни карактеристични за Мијаците правејки баланс помеѓу актуелната „мода“ за создавање кореографии и задржување на традиционалниот контекст при процесот на креирање. Кога сме кај уметничкиот кадар во Танец може да се каже дека реализирањето на кореографско решение не претставува сложен процес со оглед на тоа што станува збор за професионални играорци, па затоа главниот акцент го ставив на спецификите во делот на стилските карактеристи кои се присутни само кај Мијаците – Вели Марјан
Ората, „Повратешко, Манукот„, „Лесното“, „Скудрунка“, „ Џангурица и песните Ни прела гора ни ткала, Невесто око калешо и Река газит малој моме со голема доза на умереност, стил, префинетост и сценски познавања складно се споени во ова дело за кое може со сигурност да се каже дека претставува традиција преточена во уметност. Народната носија ја дообјаснува суштината на сценскиот изглед на уметниците прикажувајки го социјалниот статус во делот на облековната култура кај Мијаците.
Иако има Мијачко потекло и создавањето на ова кореографско решение е со емотивна основа, Марјан вели дека неговата креативност и инспирација штотуку ќе бидат препознаени на сцената преку нови авторски дела од различни етнички предели на нашата земја.
Изминатиов период Марјан го подготвува магистерскиот труд на една интересна тема за која ќе ни открие детаљи во некоја наредна прилика. Тој се надева дека со објавата на овој труд ќе биде промовирана и неговата прва книга со научно – истражувачки карактер која ќе послужи на идните генерации етнокореолози и љубители на македонската традиционална игра.
Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец,…
(Кон претставата „Генерација З – неспоредлива убавина“ по текст на Валерија Шулцова и Дарина Сбрахамова, во режија на Зузана Фјалова, а во продукција на Павол Оршаг Хвездослав Театрот од Братислава, Словачка. Гл. улоги: Марија Шумерова, Анамарија Јанекова, Романа Ондерјковичова, Вивиен Квасницова, Паула Гогола, Ема Шутовцова) Пронаоѓањето на самите себеси во светот полн со измами и…
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ копј годинава го доживува своето 21 издание, ќе се отвори со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022, годинава фестивалот обединува повеќе од 50…
(Кон претставата „Последните девојчиња“ по текст на Маја Пелевиќ во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на театарот „Деже Костолањи“ од Суботица, Србија. Гл. улоги: Давид Бубош, Тимеа Филеп, Николета Гргиќ, Борис Кучов, Габор Месарош, Андреа Веребеш) Пишувајќи ја оваа рецензија попатно ја добивам информацијата дека конгресот на САД донесува флагрантен закон за забрана…
(Кон збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева во издание на ПНВ Публикации, Сkопје, 2020) Тркалото на историјата секогаш го завртувале големите личности со пронајдоци, политички стратегии, големи уметнички дела, но и со големи војни и геноциди. Но, некаде внатре, во сите нивни дела пулсира животниот вруток на оние што иницирале, што направиле, што извршиле, што…
(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на…
Во Националната галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“, вечерва во 19 часот ќе биде врачена наградата ДЕНЕС 2022 на четворица млади уметници од нашата земја Македонија. Овој настан како и самиот избор, по шеснаесетти пат е на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар…
Вечерва, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на книгата „Заследи ме“ од Јордан Коцевски, на која промотор ќе биде Златко Гелески, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина,…