Култура

Шестиот број на „Книжевни елементи„ во книжарниците во Скопје и Битола

Шестиот, пролетен број на книжевното списание „Книжевни елементи“ во издание на Здружението „Перун Артис“ од Битола, излезе од печат на рекордни 240 страници. Уредник на ова списание е Сашо Огненовски. Списанието „Книжевни елементи“ за коешто интересот се зголемува со секој нов број, може да се најде во книжарниците во Скопје и Битола.

Во шестиот број во кој акцентот е ставен на Чешката Република, застапени се бројни автори од земјата и од странство, меѓу кои, Влада Урошевиќ, Ресул Шабани, Јулијана Величковска, Иван Џепароски, Зоран Јакимовски, Југослав Петровски, Деа Лоер, Моника Херцег, Георги Господинов, Роушин Кели,  Луиз Глик. Земја во фокусот на овој број е Чешката Република со значајни имиња од оваа земја: Милан Кундера, Јиржи Хаичек, Радек Мали, Ладислав Клима, Антонин Бајаја, Михал Ајваз, Мартин Реинер, Бјанка Белова и др.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *