Почетна / Култура на живеење / Насловна / 43, ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 27 август: Фестивалот се дожувува како семејство на кинематограферите
43, ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 27 август: Фестивалот се дожувува како семејство на кинематограферите
— 20 јули, 2022
Годинешното 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи порано од вообичаениот термин, наместо во септември, кога вообичаено се одржуваше фестивалот, годинава тој ќе се одржи од 20 до 27 август во Битола. Исто така, фестивалот ќе трае подолго, односно програмата ќе се реализира во осум фестивалски денови, со тоа што годинава во фестивалската програма е вратена документарната и студентската прокграма. Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ најави богата програма и многубројни гости од светските познати кинематографии, чиишто некои имиња ги дознавме на денешната прес конеференција што се одржа во хотелот „Парк“ а останатите гости ќе ги објави на следната прес конференција што ќе се одржи во август. Бројот на играни филмови е зголемена на 14, кратката програма содржи 12 филмови, покрај студентската и документарната програма ќе има гости и од светски академии и мак корнер програмата. Годинава имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил „Оскар“ за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл, снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни и краткометражни филмови. Како и браќата Манаки, тој е вистински пионер во својата област. Тој ќе ја прими наградата во Битола којашто е симболот и знакот на нашиот фестивал, истакна на денешната средба со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Сименон Мони Дамевски, која се одржа во хотел Парк.
Од 14 играни филмови, коишто ќе се одржат во големата сала на Домот на културата, повеќето доаѓаат од Канскиот фестивал, меѓу нив е победникот на Кан оваа година, еден од победниците на фестивалот во Карлови Вари, победникот на фестивалот во Берлин, информираше селекторот на долгометражната програма Слаѓан Пенев. Филмот “Вози ја мојата кола“ на Рјусуке Хамагучи е еден од најбараните, филм кој учествуваше на сите важни светски фестивали и е добитник на бројни награди. Канскиот победник е „Триаголник на тагата“, филм кој никого не остави рамнодушен, еден радикален филм, на ниво на социјален експеримент.
Третиот филм е победникот во Берлин, добитник на „Златна мечка“, кој е една прекрасна социјална приказна, одлично визуелизирана, филм од тлото на оние што се губитници во целата ситуација, не само со пандемијата, туку со големите промени на глобално ниво.
„Годинава премиерно ќе биде прикажан македонски филм на Кристијан Ристевски, „Снежана на крајот умира“. Тој веќе играше на „Слемденс“ и заслужува да биде и на нашиот фестивал. Вториот филм е „Мими“, кој премиерно се прикажа на „Синедејс“, тој вреди и треба да биде на нашиот фестивал. Ова е место на кое треба да се промовираат и наши филмови, истакна Пенев.
Селекторката на документарната програма, Кумјана Новакова смета дека ИФФК „Браќа Манаки“ е фестивал со најдолго искуство и традиција, затоа има посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст. Овие два концепта го дефинираат и програмскиот концепт на документарната натпреварувачка програма оваа година. Програмата е простор на промени зошто 70 проценти ги потпишуваат жени, односно женскиот сензибилитет отвора нов израз и претставува промена на традицијата со која сакаме да раскинеме,рече Новакова.
Таа ги издвои „Три минути продолжување“ и „Фабриките на работниците“, а соопшти и дека жирито на документарната програма е составено од жени.
Марија Апчевска, селектор на кратката програма, истакна дека фокусот е ставен на кратки филмови кои имаат извонредна фотографија, бидејќи кинематограферот е значаен за наративот на филмот. Кратката програма содржи 12 филмови од целиот свет. „Особено задоволство ми претставува што во изборот имаме и филмови кои се снимени од жени кинематограферки, бидејќи тоа е сеуште поле во кое доминираат кинематограферите. Имаме и наши домашни македонски филмови, тоа е традиција која ја негуваме во сите програми. Тоа се филмови кои веќе биле на светски фестивали, зеле награди, има и филмови на режисери и кинематографи чие време допрва доаѓа, а тие во Битола ќе уживаат на нашиот фестивал, истакна Апчевска која оптенцираше дека не очекува одлично издание.
Ѓорѓи Пулевски, селекторот на студентската програма рече дека годинава доаѓаат во Битола околу педесеттина студенти од повеќе светски академии за филм коишто ќе присуствуваат на мастер класовите, проекциите…
Студентската програма содржи 18 филмови од 17 земји во селекцијата од најголемите светски филмски академии, којашто претходно имаше регионален карактер, а сега е проширена и е наречена „Први чекори“. „Тоа е една визија на фестивалот, една појдовна точка на младите кинематографери, им даваме елан, инспирација, каде се препознава нивниот квалитет и талент. За најдобар кинематографер во оваа категорија ќе одлучува интернационално жири, а наградата е „Кристална камера 300“, рече Пулевски.
Директорот Дамевски истакна дека годинава, благодарение главно на битолчани, како финансиски поддржувачи но и ангажирани околу реализацијата на Фестивалот, фестивалот „Браќа Манаки“ е дефинитивно и конечно битолски.
Директорот Дамевски потенцираше дека Фестивалот овие две години се фокусира на пионерската работа. Веруваме дека треба да ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа, луѓе кои отвараат нови видици, визии, естетики, луѓе кои се општествено ангажирани, се обидуваат да зборуваат преку таа визура и своите естетики за се она што се случува во светот, луѓе кои овој фестивал ќе го доживуваат како семејство, оти ИФФК „Браќа Манаки“ е семејство за кинематограферите, истакна Дамевски.
Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности,…
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност –…
Македонските преведувачи Сашо Огненовски, Марио Стојаноски и Мирјана Илиева Јашари, се меѓу наградените за најдобри преводи на драмски дела пријавени од цела Европа за 2023 година, соопшти Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 19 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра „Папагал“…
(Кон претставата „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ од Иван Цанкар во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана. Режија: Вито Тауфер. Главни улоги: Блаж Шеф, Урош Каурин, Дарио Варга, Иван Годнич, Јања Мајзељ) „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ е најзагадочната пиеса на Иван Цанкар чиј реализам и онака е на работ на маѓискиот третман. Во оваа во…
(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер) Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса…
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…