Годинешниот 21 „Синедејс“ стартува на седми јули со премиера на „Мими“ на Даријан Пејовски
— 5 јули, 2022
Под мотото „Од високо подобро се гледа“ на 7 јули ќе започне 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со премиерата на македонскиот, инаку втор долгометражен филм на Даријан Пејовски, „Мими“. Младинскиот културен центар (МКЦ) како организатор, и оваа година ќе понуди богата филмска програма, која содржи повеќе од 50 филмови, но и музички настани, работилници со познати филмски имиња. „Синедејс“ се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“ и ќе трае до 14 јули.
Пред седум години токму на „Синедејс“ премиерно беше прикажан дебитантскиот филм на Пејовски, „Три дена во септември“, кој го отвори фестивалот и тогаш доби награда за најдобро сценарио на „Синедејс“ и оваа година „Мими“ повторно е во натпреварувачка програма.
По скопската премиера, „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули. Овој филм којшто е селектиран во SEE програмата на „Синедејс“ раскажува за Мими која ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството.
„ Освен што станува збор за главни женски ликови и во „Три дена во септември“ и во „Мими“, станува збор за многу различни филмови. Во „Мими“ ликовите се многу поамбивалентни, многу повеќе се вкоренети во ова секојдневние кое го живееме, оттаму не сте секогаш сигурни дали навивите за вистинската страна секогаш. Многу лесно оваа приказна може да се претвори во источноевропска социјална драма, меѓутоа јас се обидов да ја раскажам малку поинаку. Скопје е претставен како се чувстувам јас кога е во прашање нашиот град. Се работи за ликови кои играат улоги коишто не си ги одбрале самите. Затоа се и жени главните ликови и како навидум нормализирани ситуации доведуваат до трагичен крај“, вели режисерот Пејовски.
Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов.
Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.
Автор на сценариото е Даријан Пејовски, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.
Бернд Будер е селектор на годинашната програма, која е поделена на Официјална селекција, SEE програма, МК Shorts, Ретроспектива на Фатих Акин и Гала програма, во која ќе се прикажат годинашните кански лауреати „Ѕвезди на пладне“ на Клер Дени, „Блискост“ на Лукас Донт, „Осумте планини“ на Феликс ван Гронинген, „Одлука за заминување“ на Парк Чан-вок, „Тери и Локита“ на браќата Дарден, „Брокер“ на Хироказу Коре-еда и други.
Годинешниот фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ, каде и ќе се случи отворањето со филмот „Мими“, потоа во Музеј на современа уметност и на кровот на Домот на градежници.
На 34. поетска ноќ во Велестово годинава, предвидени се три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, како и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во…
(Кон романот „На дофат“ од Ена Катарина Халер во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) „Дозволи да биде покосен од неговото убедување дека луѓето не се раѓаат еднаш засекогаш на денот кога ги раѓаат нивните мајки, туку дека животот ги обврзува одново и одново да се раѓаат сами“, вели Габриел Гарсија Маркез во неговиот роман…
Уметноста не би требала да биде утилитарна, бидејќи тогаш е оштетена, идеолошки нагризана, значи – сомнителна. Би било најдобро таа да му служи на човекот да истрае, да не се уништи самиот себе, за што е најблиску од било кога, бидејќи е суетен, граблив, богохулен и лицемерен, вели Миливоје Млаѓеновиќ, селектор на годинешното 67. Стериино…
(Кон претставата „Убавите Види убаво горат“ од Симона Семенич во режоја на Маша Пелко и во продукција на „Прешерновиот театар“ од Крањ. Главни улоги: Дарија Рајхман, Весна Јевникар, Весна Слапар, Доротеја Надрах, Миха Родман, Аљоша Терновшек) Легендата за Убавата Вида инспирирала многу словенечки поети, драматичари и прозни автори меѓу кои и Иван Цанкар и Руди…
Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. По две бурни години за целиот свет, повторно дојде време да си дадеме сила за реализирање на нови идеи, рекоа организаторите на „Македокс“ на денешната прес конференција. што се одржа на платото пред…
Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Творештвото на Никодиновски – Биш е богато. Покрај со театарска критика и есеистика, работел и како театарски глумец и продуцент, а бил и раководител на театри и фестивали. Како тетарски глумец, работел во…
(Кон претставата „Избирачка“ од Коста Трифковиќ во режија на Ива Милошевиќ, а во продукција на Народниот театар од Суботица, Србија. Гл. улоги: Миња Пековиќ, Милош Станквоиќ, Срѓан Секулиќ, Игор Грекса, Владимир Грбиќ) Коста Трифковиќ е српски класик од деветнаесеттиот век, комедиограф кој ги пишуваш т.н. шеговити комедии и кој е еден од најпреведуваните писатели на…
Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Во Битола ќе пристигнат многубројни гости што се во врвот на светската кинематографија и воопшто во филмот. Така, на ова 43…