Почетна / Насловна / Настани / Изложба по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки, еден од најзначајните хроничари на балканската историја
Изложба по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки, еден од најзначајните хроничари на балканската историја
— 22 август, 2022
Во рамките на 43.издание на ИФФК „Браќа Манаки“, вчера, во Музејот и Архив на град Битола, беше отворена изложбата на фотографии снимени од Милтон Манаки, насловена „Милтон“ по повод 140 години од неговото раѓање, во 1882 година.
Одделението Битола при Државниот архив на Р. Македонија, кој е сопственик на фотографското наследство на браќата Манаки, ја подготви оваа изложба на „еден од најзначајните хроничари на балканската историја“, како што стои во каталогот. Таа претставува осмислен теоретско-методолошки концепт, чија цел е да го претстави фотографското наследство од Фондот 580 „Браќа Манаки“.
Изложбата содржи фотографии од творештвото и животот на Милтон Манаки, којашто опфаќа неколку тематски целини: тука се фотографии на дел од серијалот „Клисурчанката“, наградени на Меѓународниот конкурс во Букурешт, Романија во 1906 година. Понатаму следи колаж од фотографскиот опус каде е прикажана мултидимензионалноста на Милтоновите фотографии, од просјаци до кралеви. Изложбата содржи и досега необјавени фотографии на кои го гледаме неговиот семеен живот, насловен „Непосредно со Милтон“.
И последната тематска целина на фотографии дава фокус на Милтоновата освестенот за значењето на фотографскиот запис за историјата и „архивски менталитет“ благодарение на што денес нашата институција го поседува неговото наследство“ стои во каталогот во текстот од авторите на оваа изложба: Гоце Стојановски, Марија Дурлова, Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска.
На почетокот на 20 век, поточно во 1905 година кога пристигнуваат браќата Манаки во Битола, градот е под влијание на западниот економски развој, време кога се наѕира распаѓањето на Отоманската империја. Битола привлекува голем број на трговци, занаетчии, музичари… луѓе кои сакале да се реализираат во овој град. Браќата Манаки биле едни од дојденците кои сакале фотографскиот занает да го продолжат во градот Битола, отворајќи атеље за уметничка фотографија во најпрометниот дел од градот, Широк Сокак, број 102.
На светската изложба во Букурешт, Романија во 1906 година, браќата Манаки биле прогласени за дворски сликари и наградени со златен и сребрен медал. Успехот во Букурешт, како и техничко-уметничките квалитети кои ги постигнале со нивната најмодерна фотографска опрема за тоа време, која стигала и од преку Океанот, придонела кон уште поголем успех и препознатливост на нивната работа, којашто ќе трае повеќе од 60 години, се до смртта на Милтон Манаки во 1964 година.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…