(Кон претставата „Избирачка“ од Коста Трифковиќ во режија на Ива Милошевиќ, а во продукција на Народниот театар од Суботица, Србија. Гл. улоги: Миња Пековиќ, Милош Станквоиќ, Срѓан Секулиќ, Игор Грекса, Владимир Грбиќ)
Коста Трифковиќ е српски класик од деветнаесеттиот век, комедиограф кој ги пишуваш т.н. шеговити комедии и кој е еден од најпреведуваните писатели на српската книжевност. Познати се неговите комедии: Љубовно писмо, Честитка, Школскиот надзорник, Француско-пруската војна и Избирачка.
Темите во неговите комедии се мотивирани од народниот живот, од малограѓанската констелација која доживува волуминозна сатира во тоа време. Но, малограѓанштината не е појава која е типична за малите места, туку е социјален вирус кој подразбира голема неерудитивност и асоцијалност, особено во средини каде што семејствата стануваат материјално добростоечки и каде што интимните конструкции стануваат дел од јавниот живот. Така главните семејни институции и настани како што се бракот, раѓањата и смртта низ призмата на малограѓанските постапки и умисли стануваат еден вид на деструктивна околност чиј хуморен аспект е мотив за комедиографски дела кои пак, од друга страна би требало да делуваат поучно. Но, дали е тоа така? „Избирачка“ на Коста Трифковиќ зборува за хировите на младите девојки кои треба да го одберат својот животен сопатник и за влијанијата на средината при тој избор. „Избирачката“ на Трифковиќ е игрива комедија во која се анализираат афинитетите на младите дами, но и на машките примероци кои пак, од друга страна прават се за да се допаднат на девојките. Јазикот на Трифковиќ е лесен, но е многу артифициелен и се чини дека токму таа артифициелност во неговата фразеологија е иницијацијата на режисерката Ива Милошевиќ да направи една мошне чудна комедија чија основа е токму персифлажниот аспект на оваа комична конструкција. Имено, нејзината „Избирачка“ инсистира на типологијата на карактерите, на нивната сликовност и надворешно сценско обележје. Која е иновативноста и спецификата на овој режисерски приод? Ива Милошевиќ во својот режисерски дискурс обраќа внимание на претенциозноста на самите ликови, на она што значи „малограѓванска“ наместеност или изместеност од секојдневниот начин на општење. Во тоа милје се сокрива и хуморната подлога на оваа претстава. Врските меѓу ликоите во драматургијата на Трифковиќ се поместува во една друга арифициелизираност која по малку наликува на начинот на мислење на Роберт Вилсон. Тие се, всушност априорно обележени ликови кои „живеат“ на сцената во лушпата на својата типизација. Но, Ива Милошевиќ со таа типизиација создава еден свет на меморабилија кој плени со својата естетизираност најмногу заради актерските бравури. Оваа претстава има прекрасен конгломерат на карактери кои се наметнуваат во својот свет исто онака како што се наметнуваат и просците на пребирливата избирачка Малчика. Светот на граѓанскиот слој во тогашна Војводина, во тој китнест деветнаесетти век во оваа претстава ја наметнува дилемата околу граѓанството и малограѓанстото, па така празната сцена во режисерската визура на Ива Милошевиќ се исполнува со акварелот на силните бои и тенденцијата на тогашната „граѓанска класа“ да ја сокрие својата неумешност и неавтентичност. Во таа игра на пренагласеност, оваа пртстава донесува сјајни актерски персоналитети, ликови доловени до последната црта на нивната топизација. Тука е пред се ликот на избирачката Малчика во брилјантната интерпретација на талентираната Миња Пековиќ, актерка која во оваа претстава покажа и еден друг дијапазон од оној во минатогодишната „Кусо петле“, една комика која ја наметнува со својата глазирана стаменост и наместеност на млада дама која го избира својот животен сопатник. Нејзината суптилна хуморност повремено се разрушува со пренагласените емотивни пасажи кои делуваат како бура од гротескни изливи зборувајќи за една комплексност и на изразната раскошност на оваа актерка, но и за нејзината артифициелизираност. Прекрасната креација на Миња Паковиќ е следена од одличниот трилинг на машки примероци во кои се истакнува младиот Тошица на Игор Грекса, лик кој од својата фрагилност и повлеченост прави бравура за паметење. Игор Грекса си сојата пластика потсетува на мало, несфатено човече што сака да се докаже пред младата девојка, но тоа тешко му поаѓа од рака. Грекса од овој навистина убаво напишан лик на Коста Трифковиќ прави комплексен лик кој со својата комичност и прецизност ќе остане во трајно сеќавање. Тука се наметнува и воздржаниот и истенчен мачо на Срѓан Секулиќ кој својот Штанцика со својот „хероизам“ го доведува до апсурд. Неговиот хумор е гласен и многу наметлив, а неговата херојска здржаност и исклучително деградиран дигнитет е извонредно донесен со големо чувство за актерско балансирање особено на физичките дејствија. Секако, физичките дејствија и кореографираната поставеност на повеќето ликови зборуваат токму за типологијата која тешко излегува од својата дводимензионираност, но нивната совршена вмреженост зборува за еден свет кој како да излегол од сивите и прашливи црно бели албуми од времето пред два века. Секако, тука импонираат и другите улоги како што се Милош Станковиќ (Соколовиќ), Весна Кљаиќ Ристовиќ (Јеца), Сузана Вуковиќ (Савета), Небојша Чолиќ (Тимиќ), Кристина Јаковлевиќ (Ката), Владимир Грбиќ (Бранко) и Зоран Бучевац (Јован). На скоро празната сцена која е осмислена од самата режисерка се распослала и колоритната костимографија на Марко Маросиук низ чии бои и шминка се согледува скоро целиот визуелен апостроф од времето чија автентичност е исцедена од жанровската одреденост на самата пиеса. Музиката на Владимир Пејковиќ со својата разиграност наведува на благ слепстик кој пак, од друга страна во колективните сцени на игрите доминира сјајната типизираност и прецизност на сценското движење коерографирано од Ирена Шаровиќ.
„Избирачка“ конечно зборува за една испруженост на рацете на тогашното благородништво чија ограниченост зборува дека за да се биде благородник и да се понесе со себе целата префинетост, треба да постои ерудитивност и некакво цивлизациско искуство. „Избирачка“ на Коста Трифковиќ освен тоа зборува за една недоумица која во друга жанровска одреденост станува фатална. Овој комедиограф секогаш своите пиеси ги завршува со среќен крај. Овде, во режисерското видување на Ива Милошевиќ тој среќен крај значи понатамошно пливање во валканите води на малограѓанштината, за едно слепило кое се чини дека не познава временски рамки, а кое, за жал, денес е се уште присутно во некоја позастрашувачка форма.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…