Почетна / Култура на живеење / Насловна / Повеќе поетски читања, изложба, работилница за креативно пишување се одржаа на 34. „Поетска ноќ во Велестово“
Повеќе поетски читања, изложба, работилница за креативно пишување се одржаа на 34. „Поетска ноќ во Велестово“
— 24 август, 2022
Со интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што неделата, на 21 август се одржа во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово, заврши 34. издание на „Поетската ноќ во Велестово“. Манифестацијата започна во петокот со поетски портрет на Лидија Димковска и изложба на Никола Пијанманов. Музички настап имаше Горан Папаз, настанот го модерираше Марина Димовска, а беседа за творештвото на Димковска одржа Сашо Огненовски.
Дело од изложбата на Никола Пијанманов
На трите фестивалски дена, се одржаа повеќе поетски читања на кои учествуваa и поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Алеш Мустар (Словенија), Мањола Наси (Албанија), Селахатин Јолгиден (Турција), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Зоран Јакимоски и Јулијана Величковска од Македонија.
Лидија Димковска
Во рамки на фестивалот се одржа и работилница за кретивно пишување и иновативно интерпретирање поезија со учество на млади од Охрид и регионот, како и ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, во рамки на проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“ поддржан од програмата на РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.
Манифестацијата беше помогната и од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје и други спонзори и пријатели на манифестацијата.
Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности,…
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност –…
Македонските преведувачи Сашо Огненовски, Марио Стојаноски и Мирјана Илиева Јашари, се меѓу наградените за најдобри преводи на драмски дела пријавени од цела Европа за 2023 година, соопшти Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 19 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра „Папагал“…
(Кон претставата „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ од Иван Цанкар во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана. Режија: Вито Тауфер. Главни улоги: Блаж Шеф, Урош Каурин, Дарио Варга, Иван Годнич, Јања Мајзељ) „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ е најзагадочната пиеса на Иван Цанкар чиј реализам и онака е на работ на маѓискиот третман. Во оваа во…
(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер) Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса…
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…