(Кон претставата „Убавите Види убаво горат“ од Симона Семенич во режоја на Маша Пелко и во продукција на „Прешерновиот театар“ од Крањ. Главни улоги: Дарија Рајхман, Весна Јевникар, Весна Слапар, Доротеја Надрах, Миха Родман, Аљоша Терновшек)
Легендата за Убавата Вида инспирирала многу словенечки поети, драматичари и прозни автори меѓу кои и Иван Цанкар и Руди Шелиго, да пишуваат свои интерпретации на овој мит чија основа е проклетството на убавината на младата Вида чија смрт е еден вид на митска жртва која потоа станува еден вид на клетва.
Симона Семенич прави драматуршка конструкција која се обидува да ја открие и психолошката подреденост на жената, но и судбинската недопреност што, од друга страна постанува мета-легенда или урбан мит за жените, генерално. Симона Семенич како и во сите свои драми и во оваа ни нуди игра на зборови и висока аналитичка сеанса за разни типови на жени отворајќи го аспектот на вештерството како проклетство или како лечебност. Во тие канони се движи и режисерскиот приод на Маша Пелко која исто инсистира на расправа, на есеистичка елоквенција, на варијанти и инспирации. Движејќи ги ликовите што зборуваат за разните типови на жени и разните искуства, таа целото драмско движење го врамува во еден независен простор во којшто естетска и генеричка константа е младата девојка со која и започнува, но и завршува претставата. Маша Пелко инсистира на мракот и водата, на неколуте урбани елементи кои намекнуваат семејство и дом (петте маси) и на кулата од расфрлани семејни традиции околу која се испреплетуваат сите женски приказни. Кога зборуваме за женското проклетство мораме да имаме предвид дека машкиот фалусен симбол е естетската рамка околу која се свртува таа елипса на вештерството. Паоло Коелјо во својот роман „Вештерката од Портобело“ вели: „ За мене, вештерка е жена која е способна да дозволи нејзината интуиција да ги контролира нејзините постапки, која комуницира со својата околина, која не се плаши од соочување со предизвици.“ Токму интутитиноста е главната водилка и во дијалогот на Симна Семенич, но и во режисерскиот концепт на Маша Палко, но и двете не го забораваат машкиот принцип кој во есеистичкиот приод на Симона не се потсмева, туку проблематизира.
Во овој режисерки концепт се вкрстуваат многу женски аспекти, но се прекршуваати многу женски искуства. Се чини дека оваа претстава импонира со својата полемичност, но и со својата дилема – зошто жената треба да биде вештерка? Тие дилеми и полемики во претставата се формираат и се расформираат преку вербалните и типолошките акцентирања во кои машкиот и женскиот принцип се обистинуваат, но и се излажуваат. Така Дарија Рајхман, Весна Јевникар, Весна Слапар, Доротеја Надрах заокружуваат свет во којшто се заглавува една наметната фасцинација, но и се деконструира едно одамна заборавено толкување на жената која со својата фасцинација прави машкиот принцип да биде опијанет и конечно субмисивен. Овде би ја цитирал славната Арундати Рој од нејзиниот роман „Богот на малите нешта“: „ Кога слушаше песни што ги сакаше на радио, нешто се разбрануваше во неа. Течна болка се рашири под нејзината кожа, а таа си замина од светот како вештерка“. Колку и да изгледа сето ова далечно, ни наметнува една чудна согледба додека ја гледаме ова апретстава во која сите „вештерки“ и „убавици“ шлапкаат во водата потпрени на своите маси кои во еден момент се надвиснуваат врз нив како кула од неизживеано домаќинство, а тоа е: колку е жената стварна? Арундати Рој зборува за жената како за имагинативна претворајќи ја во копнеж, додека Симона Семенич зборува за жената како за неусогласена вештерка која е исклучително потребна затоа што без нејзините маѓии светот ќе запре. Мазохистичкиот канистер со гориво ќе го разгори тој отсекогаш наметнат анемозитет и се ќе пламне. Можеби токму затоа и насловот и на пиеста и на претставата „Убавите Види, убаво горат“. Светот на Маша Пелко и Симона Семенич изгорува во тие дилеми и полемики кои запираат во секој миг на појавата на малата Вида, на девојчето кое плени со својата наивност и совршеност. Тука, во својата ликовна засенченост и во геометријата на одиграната субмисивност пливаат и мажите кои својот антихероизам го продаваат прилично евтино делувајќи по малку гротескно, но тоа е квалитет кој го затвора оној, другиот дел од клацкалката и не одведуваат во еден свет во којшто се чини дека е подобро да не се објаснуваат релациите. Така работите уште повеќе се комплицираат и секако дека дилемите немаат крај.
„Убавите Види убаво горат“ сепак импонираат со една многу доследна актерска умешност на сите актери и актерки која го следи и режисеркиот принцип, но и авторовиот став со којшто се согласуваме или не.
Визуелниот аспект на оваа претстава е на Доријан Шилец Петек и Сара Сливник и токму тој сегмент е оној што импонира со својата симболичност и едноставност, додека костимографијата на Тина Бонча наметнува сјајна кореспонденција со реализмот во којшто се исткануваат колоритните бои на домашните облеку на сите актерки и актер, а музиката на Лука Ипавец не носи кон една естетика што го заокружува овој полемичен текст и со својата ненаметливост не наведува да веруваме дека вештерскиот концепт може да ја има и поетиката на шепот.
„Убавите Види убаво горат“ е претстава која повремен освестува, но повремено и вознемирува. Родовите константи се поставени за да се рушат и тоа во овој грешен дваесет и први век е евидентно и многу бледо сокриено под плаштот на слободата. Вештерската симбиоза е направена од митот и неговото толкување, а животните грешки се од лошото интерпретирање. Оваа претстава говори токму за тоа – за интерпретацијата на женското проклетство.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…