Почетна / Насловна / Став / Илија Аџиевски: еден од ретките магови на портретната пластика во Македонија (галерија)
Илија Аџиевски: еден од ретките магови на портретната пластика во Македонија (галерија)
— 31 октомври, 2022
„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски, којашто беше отворена во четврток на 27 октомври, во Даут пашин амам.
Осврт од отворањето на ретроспективната изложба на Илија Аџиевски во Даут пашиниот амам.
Илија Аџиевски
„Една од задачите на Националната галерија се базира на презентацијата на творештвото на национални уметници, не само рецентни, туку, пред се, автори кои со своето децениско творење го одредиле текот на македонската современа уметност. Целта на овие претставувања, пред се, е оддавање на должната почит на нашите автори, потсетување на нивниот придонес во одреден историски период и влијанието кое го оставиле врз следните генерации уметници, едукација на денешната публика. Секако една од битните задачи е и претставување на автори кои на извесен начин од повеќе причини биле запоставени.
Еден од тие автори е скулпторот Илија Аџиевски, чиј животен и творечки пат бил послан со многу премрежија. Сепак, од денешна перспектива, а заради одредување на местото во македонската модерна уметност, сметаме дека оваа изложба ќе покаже дека Илија Аџиевски е дел од антологијата на македонската ликовна уметност.
Творештвото на Аџиевски може да се проследи низ неколку техники, медиуми и дисциплински пристапи, но во секоја форма тој останува доследен на фигурацијата, имaат здржана асоцијативност и симболизам. Три главни одредници се следат во неговиот скулпторски опус, и тоа: јавни споменици, фигурини и портрети. И покрај постигнувањата и јавната потврда за неговиот придонес кон споменичната уметност, скулпторскиот жанр кој најмногу му прилега, со кој го постигнува врвот во својот уметнички развој и најголемите достигнувања како индивидуален уметник, е полето на портретната уметност.
Еден персонален момент како директор на Националната галерија и како ликовен уметник: мојата мисија е потрагата по вистинските вредности запишани во историјата на културата на нашата земја. Подготовката на оваа изложба побуди посебни емоции од многу причини, но она што навистина ме допре е првата средба со авторот. Влегувајќи во ателјето на Илија Аџиевски, емотивно ме пренесе на моите авторски почетоци, да се потсетам на фотографиите на Роденовото ателје што врз мене остави несомнено влијание и како фасцинација и како пластичен израз. Ме занеме енергијата која сведочи за патот на уметникот, низ годините, кој не секогаш бил лесен. Запишана во просторот, преку неговите скулптури каде се препознава моќта на уметноста, во најтешките моменти, кога искрено, со многу труд и работа ќе се вложиме и создадеме дела кои ќе зборуваат за нас и во иднина. Оригинална и силна репрезентативност, Можам да кажам дека искуството во ателјето е ретка можност бидејќи не секој погледнува низ отворениот прозорец на интимата на уметникот. Му благодариме на Аџиевски за можноста преку оваа изложба да бидеме дел од неговиот процес на работење, да ги сподели миговите на создавање, инспирација и истрајност“, изјави директорката д-р Дита Старова Ќерими.
„После долги и интензивни подготовки, ја отворивме изложбата на најстариот скулптор од македонската ликовна сцена, маестро Илија Аџиевски која е посветена на неговите портретни реализации и затоа го носи насловот „Портретот во фокус“.
Аџиевски е на свои 96 години и во својот долг животен и работен век создал многубројни уметнички остварувања и покрај трновитиот пат по кој одел. Тој бил активно вклучен во НОБ, бил активен член на СКОЈ и СКОМ, но за жал го изминал како непребол и вечна дамка и Голи Оток. Сепак, уметноста, тој креативен монументум и занес биле доволно моќни да го избават неговиот дух од амбисот на „обележаните“. Веројатно сето тоа време ќе придонесе Аџиевски да проникнува во тајните токму на духот и карактерот на личностите кои ги портретира, бидејќи портретниот жанр го одбира како еден од своите предоминантни фасцинации. Одличен во реализмот и во доловување на сличноста со портретираните личности, но уште поспецифичен и оригинален во исклучително експресивните портрети кои како да се трансформирани природни енергии и појави, планини, карпи, ветрови, води. Како да интимата на портретираните личности е материјализирана со една индолентна естетика во моќно портретни титани.
Илија Аџиевски е познат по непосредните релации со луѓето, па една таква силна релација остварил со г-ѓа Јелена Лужина, позната теоретичарка, есеистка, преведувачка и врвен театролог, која по потекло е хрватица. Врската на Илија со Хрватска е силна (таму ја завршува Академијата за ликовни уметности), таа е причината која ги спојува и заради кој стапува во контакт со неа за да разговараат за Хрватска и за сите нејзини културно-уметнички големини.
Искрено верувам дека со оваа изложба ќе ги поместиме хоризонтите и досегашните согледувања на историчарите на уметноста и кустосите, ќе понудиме заедно платформа за едно поинакво квалификување и валоризација на несомнената, а за жал досега неадекватно потврдена, големината и оригиналност на портретна уметност на Илија Аџиевски. Тој е дефинитивно еден од ретките магови на портретната пластика во Македонија“, порача Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.
„Капитална максима на Микеланџело – STUDIO ANCORA, или, во превод: сѐ уште учам, и натаму учам, продолжувам да учам… – одамна ја врзав и спонтано/интуитивно продолжувам да ја врзувам за творештвото на Илија Аџиевски. Еден од оние (ретки?) уметници трагачи, неспокојни и посветени ученици перфекционисти, кои како да се водат од олимпиското гесло citius, altius, fortius (побрзо, повисоко, посилно). Неуморниот Аџиевски ѝ останал верен/доследен и денес, додека чесно ја троши 96-тата година од својот долг, исклучително драматичен и ретко исполнет/кадарен живот, кој вечерва симболично се маркира со оваа изложба. Шеснаесеттата самостојна изложба во неговата речиси седумдецениска кариера. А требаше да ги има барем уште толку: имаше и зошто и од што да се постават!
Изложбата ПОРТРЕТОТ ВО ФОКУС е нестандардна/необична „по сите нишани“. Една е од најексклузивните и најспецифични изложби кои ги видовме кај нас. Нејзиниот концепт, но и самата постановка во просториите на Даут-пашиниот амам, поинаква од сите кои ги видовме досега, како да нѐ доближува до високите изложбени стандарди на Бобур (Beaubourg), Вила Боргезе (Villa Borghese), Палацо Граси (Palazzo Grassi)… “, со овие зборови се произнесе на отворањето Јелена Лужина,
Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности,…
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност –…
Македонските преведувачи Сашо Огненовски, Марио Стојаноски и Мирјана Илиева Јашари, се меѓу наградените за најдобри преводи на драмски дела пријавени од цела Европа за 2023 година, соопшти Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 19 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра „Папагал“…
(Кон претставата „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ од Иван Цанкар во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана. Режија: Вито Тауфер. Главни улоги: Блаж Шеф, Урош Каурин, Дарио Варга, Иван Годнич, Јања Мајзељ) „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ е најзагадочната пиеса на Иван Цанкар чиј реализам и онака е на работ на маѓискиот третман. Во оваа во…
(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер) Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса…
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…