(Кон претставата „My Name is Medea“ по текст на Милан Рамшак Марковиќ во извдеба на Народниот театар од Битола. Режија: Себастијан Хорват, главни улоги: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска, Викторија Степановска, Иван Јерчиќ и други)
Моделот Медеја е колку загадочен, толку и привлечен за транспонирање во ововренските турбулентни општествени и почитички деструкции. Велам деструкции затоа што и митот за Медеја препознава деструктивен период со големо влијание на натприродното што е еден вид на филозофски прифатена контраверза, а од друга страна и политички издржана констелација прифатена и препозната во денешните денови.
Текстуалната предлошка на Милан Рамшак Марковиќ е повеќе назнака отколку интегрален текст и во многу нешта наликува на верзијата на Хајнер Милер симптоматично наречена „Медејаматеријал“. Имено, и Милер и Марковиќ ја ослободуваат/разоружуваат Медеја од нејзините волшебнички моќи за од неа да направат немоќна жена на која и врие од потреба да се одмазди, но во исто време живее во духовно и материјално ограбен свет со многу мала шанса да се врати на колосекот на човечноста и благонаклоноста. Медеја на Марковиќ се дизавуира самата себеси сосема обезличувајќи се во суровиот емигрантски простор отфрлена и до крај понижена. Во оваа матрица Медеја (која не го променува името како останатите ликови) посегнува по легитинмите алатки за да го оствари своето право на дете и да си ја залепи сликата на интимниот и брачниот пејзаж која се искршила на безброј парчиња. Секако, како и кај Милер и во овој текст таа ја нема храброста да го направи она што го направила Еврипидовата Медеја. Во концептот на Себастијан Хорват оваа Медеја се бори со сопствената храброст да направи нешто радикално макар за околината, ако не за неа. На ја следат духовите на Еврипидовиот хор кој во оваа претстава е конгломерат од луѓе дојдени од сиромашните и транзитивни предели во развиената Европа за да си ја подобрат финсниската ситуација и секако иднината. Тие се наднесуваат над судбината врз жената која ги одбројува деновите кога треба да ја напушти туѓата земја и ги брои последните чекори до своето дете за кое залудно се подготвила да го направи она што го направи Еврипидовата Медеја. Овој хор во концептот на Хорват е слика на едно милје за кое тивко и субмисивно не се зборува, но се преживува, се пласти во животите на оние кои треба да ја изградат дистописката иднина на Европа која во моментов изгледа онака како најмалку би сакале да изгледа.
Криста Волф во својот роман „Медеја“ вели: „Дали Медеја сè уште има моќ да се одмазди или е безопасна? Валцерот од страв, восхит, завист, страст и омраза рака под рака, што и да е, сепак, Медеја не е никој и ништо: убава, високорангирана, непромислена, интелигентна и вешта, таа едноставно не може да биде отфрлена.“ Оваа Медеја на Себастијан Хорват е дел од едно милје кое совршено наликува на атмосферата на Фасбиндер од неговиот „Жабар“ или од девастираните германски периферии на „Берлин Александерплац“ на Алфред Деблин. Во неговата режија секојдневието е дел од трагичниот хибрис на Медеја, но и дел од една немоќ која од неа прави современ антихерој, а чија одамна изгубена храброст се разлеала во достага и напнатост. Секако, масовните сцени кои го претставуваат тоа турбно опкруѓување на емигранти од сите делови на светот, се подлога во која депресијата на Медеја станува модел за немоќ во време во кое се се знае и ништо не се знае. Медеја на Хорват го чувствува ехото на хорот кој ги повторува стиховите на Еврипид и точно, неа „Во главата и татне веда небеска“, но таа веда не е нејзиниот меѓеснички гнев кој го истура врз оние кои ја напуштиле и ја оставиле сама сред пустина, таа веда ја пеплосала и таа се одлучува за духовен минимализам: да постане дел од масата во која се е како што треба, само го нема човекот. Хорват создава динамична претстава со ликови кои се сами по себе назнаки на свет каде што персоналитетот е заглавен во економските и меркантилиевски релации, а комплексноста на живеењето станува толку комплицирана што веќе е сеедно кој е каде и што прави. Оваа претстава импонира со полифоничноста на актерската енергија и на таа чиста сцена, со вовлекувањето и извлекувањето на реквизитите, тој свет е дел од еден цивилизациски распад каде што Медеја станува конститутивен дел и за жал не може да избега од него. Текстот на Марковиќ кој во претставата е повеќе инспирација и назнака означува еден затворен простор со контраверзна симболичност на бескрај и целото дејствие пред нашите очи се одвива како во документарен филм: „фактографски“ и прецизно, без психологизирање и објаснување.
Во оваа извонредно организирана актерска масовност се издвојува ликот на Медеја која Илина Чоревска го толкува со голем емотивен набој. Но, она што го прави оваа актерка е нејзината совршена контрола врз таа емотивност и прецизноста во градењето на жена чиј живот се распаѓа без можности да најде решение. Чоревска ликот го развива многу елоквентно користејќи сосема точен актерски израз од кој одлично се препознава жена чија немоќ е митска, а е и симбол на време во кое информацискиот хаос веќе не е артифициелна болест, туку е духовен неврат. Тоа е одлична улога која низ сите сцени зборува конкретно и конкретно. Меѓу останатите епизодни улоги се издвојува и ликот на Васко на Огнен Дранговски кој овој модерен Јасон го одигрува мошне релаксирано со видна тенка глазура на подбив, совршено отсликан лик на бесчувствителен емигрант чија трка по заработка е најважниот момент во неговиот живот, па така Медеја е само пречка за која одмна нашол решение. Тука е и епизодниот лик на Викторија Степановска која во преносна смисла е еден вид на хоровотка, а во драматуршка смисла пријателка на Медеја чиј напор да и помогне е залуден. Овде би споменале дека ововременскиот Јасон на Марковиќ има и своја нова животна соптничка која чека и ново дете, па така ликот на Катерина Аневска е уште една убаво одиграна епизодна улога на жена која баш и не е нешто многу заинтересирана за проблемите на нејзиниот сопруг со пораншената сопруга. Токму таа индолентност на дваесет и првиот век прави Медеја да се откаже од своето херојство, од својот трагичен хибрис, но и од своето чедоморство. Но, да, Криста Волф е во право кога вели дека Медеја не е неважна. Во нејзиниот роман Кирка и вели на Медеја: „ Знаеш ли што бараат, Медеја? Тие бараат жена која ќе им каже дека не се виновни за ништо; дека боговите, на кои тие случајно им се поклонуваат, ги принудуваат на нивните потфати. Дека трагата на крв што ја оставаат зад себе е соодветна на нивната машка природа, како што ја определиле боговите“. И тоа е точно. Медеја во оваа претстава го продолжува животот повторно потпирајќи се на она на што ние премолчано се потпираме во своите животи: судбината.
Она што импресионира во оваа согледба на Медеја е музиката на Драго Ивануша, сегмент чија импактност е, се чини, најголем. Музичките делници како да ја водат трагичната компонента во претставата и како да го оцртуваат она дамнешно лудило што во главата на Медеја се појавува како дилема, а не како иницијација. Музичкиот аспект на оваа претстава е дел од нејзиниот ритам и значење и на некој начин таа се однесува како релевантен актер.
„Медеја“ е модел кој никогаш не е објаснат до крај и покрај тоа што има многу драматуршки и прозни интерпретации. Чедоморството кое како суровост шокира со векови во оваа цивилизациска поставеност станува совршено неважно, па така тој вид на банализираност става еден друга, многу важна компонента на овој мит, а тоа е Медеја – жена која се враќа на својата животворност и на својата социјална поставеност, а секако и на никогаш незавршениот круг на нејзината ововременска амбивалентност. И Криста Волф, и Хајнер Милер, а конечно и Жан Ануј зборуваат многу помалку од Еврипид за чедоморството затоа што анимализмот во човековта природа станува исто така банална тема, конечно, таа се вгнездила во глобалната политика и е дел од војната. Априорно.
Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности,…
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност –…
Македонските преведувачи Сашо Огненовски, Марио Стојаноски и Мирјана Илиева Јашари, се меѓу наградените за најдобри преводи на драмски дела пријавени од цела Европа за 2023 година, соопшти Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 19 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра „Папагал“…
(Кон претставата „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ од Иван Цанкар во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана. Режија: Вито Тауфер. Главни улоги: Блаж Шеф, Урош Каурин, Дарио Варга, Иван Годнич, Јања Мајзељ) „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ е најзагадочната пиеса на Иван Цанкар чиј реализам и онака е на работ на маѓискиот третман. Во оваа во…
(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер) Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса…
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…