Култура

Гена Теодосиевска ќе претседава со жирито на ФИПРЕСЦИ на Берлинале

Новинарката и филмска критичарка Гена Теодосиевска е избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) на 73.Берлински филмски фестивал, што годинава ќе се одржува од 16-26 месецов.

Теодосиевска е позната како ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности. Таа беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ од 2008 до 2020, а од 2022 година е назначена за уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година.

Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност.

За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали.

Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам, на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија. М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ.

Автор:

Слични статии