Почетна / Насловна / Настани / Изложба на дела од црногорскиот уметник Петар Лубарда, еден од најголемите дарители на МСУ
Изложба на дела од црногорскиот уметник Петар Лубарда, еден од најголемите дарители на МСУ
— 21 февруари, 2023
Во Музејот на современата уметност – Скопје, на 1 март, ќе биде отворена изложба на дела од црногорскиот уметник Петар Лубарда, a ќеќ биде отворена до 31 март. Изложбата ќе биде организирана како резултат на заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и на Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје со покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, на изложбата ќе биде претставен сликарскиот опус на Петар Лубарда, најзначајниот црногорски уметник и еден од најзначајните сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век. Во октомври 1963 година, Петар Лубарда ги подарил сите 26 дела од неговата изложба во Ниш, подоцна изложени и во Скопје, со што тој станал не само еден од првите туку и меѓу најголемите дарители на МСУ – Скопје. Музејот во својата колекција има вкупно 52 дела, помеѓу кои, 40 слики во техника масло на платно и лесонит, два акварела и десет цртежи што опфаќаат две и пол децении од кариерата на уметникот (1942-1966).
Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска. Петар Лубарда (1907–1974) во меѓувоениот период студирал сликарство во Белград и во Париз, а од 1932 година до неговата смрт во 1974 година живеел во Белград. Неговиот особено експресивен фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција, му донесе широко меѓународно признание, вклучувајќи и една од трите меѓународни откупни награди за сликарство на Биеналето во Сао Паоло во 1953 година. По подолго време пошироката јавност ќе има можност да ги види сите дела на Лубарда од Колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на неговите изложби и донациите. – Во време на кризи, катастрофи и воени судири што го обременуваат современиот свет, сметаме дека е важно потсетувањето на концептот за солидарност на кој се темели МСУ-Скопје и за важноста на меѓународната соработка, која се основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици – истакнуваат од МСУ.
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…
На деветти март, четврток, во Музејот на современа уметност, ќе се отвори изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“, посветена на климатските состојби и еколошки предизвици. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, коишто генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани…
(Кон претставата „Рехниц – ангелот на уништувањето“ од Елфриде Јелинек во режија на Сабине Митерекер и во копродукција на Сараевскиот воен театар „Сартр“ со Хрватскиот народен театар во Мостар. Главни улоги: Селма Алиспахиќ, Јелена Кордиќ Курет, Џана Џаниќ, Сеад Пандур и Дражен Павловиќ) На 25 март 1945 година, на забавата на грофицата Маргит од Бетијани,…
(Кон претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје. Главни улоги: Никола Ристановски, Ѕвездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Сашка Димитровска) Ибзеновиот драмски опус е еден од оние што најконкретно кореспондира со денешното време. И „Нора“, и „Хеда Габлер“, а еве и „Народниот непријател“…
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во…
Деновиве е објавено електронското издание на книгата, Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век). Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска, како уредничка на книгата. Авторите и авторките на поглавјата…