Култура
stobi

Меѓународни работилници и школи на Стоби

Националната установа Стоби во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од  Бугарија, во текот на јуни и јули на археолошкиот локалитет Стоби организираат четири меѓународни летни работилници и школи.

Во тек е летната школа за археологија и работилницата за напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди. Тринаесет студенти и волонтери, претежно од САД, учествуваат на школата за археологија во чии рамки се вршат ископувања на Теодосијанската палата. Целта на истражувањата е откривање и документирање на археолошките појави во јужниот дел на палатата. Работилницата за напредна дигитална фотодокументација на архитектура и археолошки наоди, којашто годинава за прв пат се реализира, ја предводи проф. д-р Џорџ Беван од Универзитетот во Квинс во Торонто. Учесниците од САД, Канада и Австралија ќе направат фотограметриско снимање на дел од презентираните градби во Стоби и ќе изработат панорамски фотографии за виртуелна прошетка и 3Д модели. Дел од студентите работат на т.н. RTI фотографија, односно рефлективна трансформација која е особено корисна во идентификување на натписите на камен и фрески кои се тешко читливи, како и фотограметриско снимање на дел од движните археолошки наоди.

stobi

Инаку во јуни, беа реализирани работилницата за конзервација и документација на римска и доцноантичка керамика  какои работилницата за мозаици на кои учествуваа 11 студенти и волонтери од САД, Австралија, Канада, Англија и Јапонија. Учесниците на работилницата за конзервација на керамика со помош на стручните лица од НУ Стоби, ги поминаа сите процеси на конзерваторско-реставраторските работи и документирање на керамички предмети. Во рамките на работилницата за мозаици, пак, беше опфатена конзервацијата и реставрацијата на мозаикот во нартексот на Епископската базилика, информира Министерството за култура.

Слични статии