Култура

На Градиште кај Куманово, откриена богата декоративна пластика

Стручните екипи од Музејот во Куманово, под координација на Управата за заштита на културното наследство и со финансиска поддршка од Министерството за култура, работат на ископувања на локалитетот Градиште во близина на кумановското селото Младо Нагоричане…

На локалитетот Градиште кај Младо Нагоричане интензивно работат археолози од Музејот на Куманово во координација со стручни екипи од Управата за заштита на културното наследство. На повеќеслојното наоѓалиште засега се откриени делови од градби, меѓу кои особено се значајни остатоците од градбата кои се претпоставува дека се остатоци од луксузна резиденција или палата, која датира од 3 до 4 век пр. н.е. Пронајдена е богата декоративна камена пластика и капител од јонски столбови. Според овие пронајдени значајни наоди, археолозите претпоставуваат дека се работи за палата на локален пајонски владетел.  Некои истражувачи претпоставуваат дека населбата страдала  најверојатно при налетот на келтските племиња во 280/279 г. пр.н.е., а после тоа делумно била обновена.

Резултатите од годинашните ископувања се особено значајни затоа што преку добиените сознанија, кумановскиот регион се вклучува во цивилизацијата која егзистирала во посочениот период во Скопскиот, Овчеполскиот и Јужноморавскиот регион, а чиј развој се следи преку локалитетите Градиште – Кнежје и Кале – Кршевица. Локалитетот Градиште, Младо Нагоричане е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.

Локалитетот се истражува со финансдисдка поддршка на финансиска поддршка на Министерството за култура.

Автор:

Слични статии