Култура

„Ослободување на Скопје ќе го отвори 37. фестивал „Браќа Манаки“

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија,  премиерно ќе биде прикажан на отворањето на 37.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се отвори на 10 септември во Битола. Овој филм   е македонско-хрватско-финска копродукција и е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“, работен според познатиот текст на Душан Јовановиќ кој заедно со Раде Шербеџија се негови сценаристи. Главната улога му е доделена на дебитантот, 11-годишниот Давид Тодосовски, кој го игра осумгодфишното момче во филмот по име Зоран. Покрај него настапуваат актерите: Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Мико Ноусаинен, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула и Аксел Мехмед.  Филмот обработува тема од периодот на Втората светска војна.

Продуценти на филмот  се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола.

Австралискиот и светски кинематографер Џон Сил е добитникот на наградата за животно дело „Златна камера 300“ за 2016 година на ИФФК „Браќа Манаки“, беше соопштено на  прес-конференцијата што беше одржана (29 јуни). Според директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Благоја Куновски, станува збор за уште еден великан на светскиот филм. Уметничкиот директор на Фестивалот, Гена Теодосиевска рече дека новиот фестивалски слоган е „Movie on, feel the light“.

Автор:

Слични статии