Култура

Изложба на уметници од Македонија и од Јужна Кореја

Вечерва, во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица во Скопје, во 20,30 часот, ќе биде отворена изложбата со дела на 39 уметници од Македонија и од Јужна Кореја.

Оваа групна иложба со наслов „Патување“ ќе покаже дела во најразлични медиуми, инсталации, аудио-инсталации работени во различни техники.

 

4a

Групната изложба „Патување“, на која се претставени дела од триесет и девет современи уметници од Македонија и од уметничката група „Егзит“ од Јужна Кореја, ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, и ќе може да се посети до 20 август.

На изложбата се поставени дела во најразчилни медиуми, инсталации, аудио-инсталации, објекти, реди-мејд објекти, фотографии, слики и цртежи. Изложените дела се од голем, среден и мал формат. Од Македонија изложуваат голем број реномирани автори, како и млади талентирани уметници, а од Јужна Кореја се претставуваат уметниците од групата „Егзит“.

Уметниците од Јужна Кореја, припаѓаат на уметничката група „Егзит“ формирана во градот Ченгчу во 2010 година, подготвена за соработки. Во неа покрај основачите, секоја година кон изложбите се приклучуваат нови членови, а исто така покануваат и гости од странство. Изложуваат по 2 пати годишно, еднаш во Кореја, еднаш во странство. Во својот прв каталог ја цитираат мислата на Фрида Кало „Се надевам дека Излезот носи задоволство, и се надевам дека никогаш нема да се вратам“, што го појаснува значењето и поводот за избор на нивното име.

5

Организатор и куратор на изложбата „Патување“ е Маја Кировска, уметник од Македонија, која соработката со групата „Егзит“ ја започна во 2014 година на еден настан, во „МЦ Галерија“ во Њујорк, каде со концерт во иста вечер беа отворени три изложби, две на македонски автори, а една на автори од групата „Егзит“ од Јужна Кореја.

Уметници од Македонијакои учествуваат на изложбата се Александра Јовановска, Ана Ивановска, Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Ангел Миов, Благојче Наумоски-Бане, Борче Богоевски, Викторија Попоска, Горазд Попоски, Горан Менков, Гордана Вренцоска и Далибор Тренчевски.

33

Уметничка група „Егзит“ од Јужна Кореја ја сочинуваат Лој Ким, Кјусан Ли, Џијан Мун, Инсук Риу, Гилце Цонг, Донграк Сон, Иксонг Џин, Јунтек Са, Миџонг Ли, Санјонг Ли, Чанглим Ли и Сангу Хан од Јужна Кореја, а на нив им се приклучија македонските уметници Зорица Зафировска, Ивана Пирковска, Јана Манева-Чупоска, Јовица Мијалковиќ, Кристина Хаџиева, Маја Кировска, Марија Сотировска-Богдановска, Марко Георгиевски, Нина Нинеска, Перо Кованцалив, Петра Јовановска, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Христијан Санев и Христина Зафировска.

Слични статии