Култура

Светилиште каде се крунисувале Пајонските кралеви

На тврдината Исар во Штип, штипските археолози очекуваат да го откријат светилиштето во кое се крунисувале Пајонските кралеви. На ова трвдина интензивно се работи, а Митко Штерјов, археолог од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип вели дека се на чекор до ова откритие, бидејќи многу стари записи сe потврудаваат со досегашните истржувања во северозапдниот дел на тврдината Исар.

На оваа тврдина, во претходните истражувања најдени се голем број на садови и  ќерамика  од третиот и четвртиот век, па според тоа е констатцијата дека ова  светилиште трае многу одамна, а можеби е и местото  каде се крунисувале Пајонските кралеви. Овде постојат траги од постарите наоди, па оттука се должат и очекувањата дека ова е тоа светилиште  кое што го споменува Полиен во третиот век, дека во реката Астибо се крунисувале Пајонските кралеви, се рвдењата на Митко Штерјов, што ги објавува порталот Cooltura.

Во пишани документи, името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр.н.е, кој известува дека вореката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пајонските кралеви. Штип постоел и во времето на Самуиловото Царство, а подоцна го освоиле Византијците. Во 9 век бил под бугарска власт, а по битката кај Велбужд (Ќустендил) потпаднал под српскиот владетел Стеван Дечански. Во 1382 година подрачјето потпаѓа под власт на Османлиската Империја.

Тој забележува дека тврдината Исар е едно од ретките места, каде што се потврдуваат легендите на штипјани кои со векови се пренесувале а досега археолозите потврдиле две легенди за тврдината Исар. Едната е дека црквите со нивната местоположба формираат крст, коешто со откривањето на црквата Св.Власие се потврдува  оваа легенда.

– На тврдината Исар постоеле четири цркви, досега ние ги откривме и се знаат сите четири цркви. Така да црквата Свети Јован, Свети Ахрангел Михаил, Свети Власие и уште една корабна црква, која што е откриена на акрополот од Исарот. Можеби таа црква досега не доби заслужено внимание. Но, бидејќи Исарот ја има приказната за Ч’трсе односно за свети 40 маченици, па можеме да нагласиме дека таа една корабна црква и да ја поврзиме со свети 40 маченици, вели Штерјов.

Штипските археолози пред три децении ја имаат потврдено и легендата за тајниот тунел од 150 метри кој води од реката Брегалница до тврдината Исар. Легендата говори дека 1385 година војската на султанот Мурат Први долго време се обидувале да го освојат утврдениот град. Но еден ден Турците забележале дека од другата страна на Брегалница од карпите излегуваат патки. Пратејќи ги низ тунелот успеале да го освојат градот. Легендата е потврдена во 1986 година кога тунелот беше откриен при изградба на колекторска мрежа. Багер случајно го откри отворот на тунелот.

Автор:

Слични статии