Култура

Кога вашата енергија ќе падне поради луѓето околу вас

Сите ние ја  креваме нашата енергија, но луѓето тоа го прават во нивно темпо и  за нивен својствен начин. Постојат луѓе кои се тотално заглавени во старата парадигма и присилување на нивно  будење ќе биде ужасно болно. Се повеќе луѓе ги чувствиваат длабоките аспекти на стварноста, но и се незамисиво воздржани поради културните верувања или се влезени во ритуалот на религијата.

Некои од нас се плашат од напуштање на саканите, па поради тоа остануваат под влијание на ниски вибрации и енергија. Или пак од други причини остануваат да живеат со луѓето со ниски вибрации. Ние и понатаму комуницираме на нивно ниво и со тоа ја намалување нашата енергија која се манифестира како промена во нашето расположение и размислување.

Според тоа, како би требало да се однесуваме со луѓето со кои очигледно не сме на иста фрекфенција? За почеток би требале да почнеме да ја превземаме одговорноста за се што се случува.  Општеството во кое сме воспитувани не учи да реагираме различно на различни видови на ситуации. Како да се реагира на околината, на луѓето околу нас и обратно. Ние свесно можеме да одбереме да дејствуваме на поинаков начин. Тоа, исто така зависи и од нашата физичка состојба, бидејќи се е поврзано.

Кога сме уморни, гладни или дехидрирани, автоматски реагираме поинаку,  отколку кога не сте во таква состојба. Шансите се големи дека ќе влегувате во расправија и ќе бидете на ниво на негативната енергија од личноста која е влезена во вашиот простор. Кога вашето тело е во добра физичка кондиција, одморено и добро нарането, вие ќе бидете во позиција на моќ. Поседување на моќта ви овозможува да дојдете до одговори.

На пример, ножете ништо да не работите, едноставно можете само да бидете, да постоите. Или да ја сфатите другата личност или ситуација коишто  се случуваат, но да реагирате на начин, така што себеси нема да се  спуштите  на нивото на другата личност. На пример, можете да ја напуштите собата и да ја затворите вратата.  Секако, послесно е да се каже, отколку да се направи во некои ситуации.

Но, што ако личноста живее под ист покрив или е колега на работа? Поинаку кажано, таа друга личност е дел од нашиот живот. Ние секогаш имаме избор да го завршиме тој однос, да се оддалечиме од тој токсичен однос, секако кога  ќе се дојде до одредена точка.

Тоа не е секогаш едноставно да се направи, но, понекогаш мораме да  процениме какви ќе бидат последиците ако останеме на местото каде нашата енергија постојано оди надолу. За да се охрабриме, мораме да почнеме да размислуваме за се што се случува внатре во нас.  Кога ќе почувствувате гнев, болка, страв или било какви негативни реакции, вежбајте процесуирање на  тие емоции. Бидете свесни дека ги чувствувате тие емоции, но не допуштете тие да ве совладаат.

Втор начин за јакнење е исхраната. Внесете повеќе овошје и зеленчук, храна коха спаѓа во т.н. „среќна храна“. Вибрациите- енергијата од храната  што ја внесуваме резонира со нашето битие. Освен со храната, бидете инспирирани и од луѓето со кои можете да се поврзете на повисоки нивоа. На тој начин можете постојано да се развивате и да учите. Освен тоа, многу е важно да се почитува состојбата во која втората личност одлучила да биде. Не заборавајте, всушност е потребно многу повеќе труд да се остане на патот на вашите соништа, отколку да се оди по пат на будењето.

Автор:

Слични статии