Култура

Aерозагадувањето во Скопје е алармантно

Екстремно високото ниво на загадување на воздухот во Македонија, ги заинтригира и светските медиуми. Болниците во земјава се преполенети од граѓаните кој не можат да се справат со „отровниот“ воздух кој е алармантно загаден, односно ПМ 10 честичките во воздухот достигнаа вредности над 20 пати поголеми од дозволеното. Во синоќешниот дневник на словенската национална телевирија РТВ- Словенија во 2 минутен прилог посветен на алармантното аерозагадување во Македонија тие дека: 
 „- Загадувањето на воздухот во Македонија достигна рекорд во минатите неколку дена;
– Содржината на PM 10 честичките во воздухот достигна вредности над 20 пати поголеми од дозволената;
– Државата е 5та во Европа по смртност заради загадениот воздух;
– Граѓаните ги греат домовите на тврди горива. Струјата е премногу скапа, плин (гасовод) во Скопје нема;
– Типичниот есенски ден во Скопје значи опасност по здравјето за сите што се на отворено;
– Скопје, Битола, Тетово,… се работи за проблем на целата држава;
– Наместо превентивни мерки, надлежните само го информираат населението дека воздухот е толку опасен…да мораат децата, трудниците и постарите да останат во затворени простории, посебно наутро и навечер;
Тие што се свесни за проблемот, кога е можно, одат на места со почист воздух или над Скопје…и се надеваат дека за некој ден ќе ги спаси ветерот;
За проблемот предупредуваат со протести и преку социјалните мрежи. Горди се на апликацијата со која државјаните можат да видат колку опасен воздух вдишуваат;
– А да биде возухот почист … до сега не е превземено ништо.“
 За загадувањето и последиците од него реагираше и домашната јавност. Град Скопје за следната година најави дека ќе потроши 4 милиони евра за борба против загадениот воздух, но сепак тие неодамна признаа дека ефектот од мерките, граѓаните ќе го почувствуваат дури за 10 до 20 години. 
 Реагираше и Институтот за јавно здравје, од таму  излегоа со црни статистики- 1 200 смртни случаи годишно како последица од аерозагадување.
 Загаденоста на воздухот и денеска на високо ниво. Според министерството за животна средина високо ниво на загаденост на воздухот е регистрирано во Центар , Карпош, Гази Баба, Ректорат и Кичево

Автор:

Слични статии