Култура

Како треба да го започнеме денот

Најдобро е денот да се започне со конзумирање на чаша млака вода со лимон. Многу е важно како го започнувате денот, бидејќи она што го правите прво наутро влијае на остатокот од вашиот ден. Започнете го секој ден со овој ритуал, пред да испиете или изедете нешто друго и ќе видите колку е полесно да ги донесете најдобрите одлуки за себе, својата исхрана и своето здравје во остатокот на денот!

Резултатите се следниве:-

  • Претставува природен диуретик: помага да ги исфрлиме непотребните материи бидејќи ја зголемува потребата за мокрење, па на тој начин се ослободуваме од токсините побрзо.
  • Го хидрира лимфниот систем: овозможува да го започнете денот рехидрирани. Кога организмот е дехидриран, не може правилно да ги извршува своите функции, што доведува до натрупување на токсините во телото, стрес, запек, итн.
  • Го зајакнува имунитетот: лимонот е богат со витамин Ц (одличен против настинки) и калиум (го стимулира мозокот и го контролира притисокот).
  • Помага при варењето на храната: го стимулира дигестивниот тракт, ја подобрува способноста на телото да абсорбира хранливи материи, и содржи витамини и минерали кои помагаат при ослободување на токсините.
  • Ја балансира рН вредноста на организмот: иако содржи лимонова киселина, лимонот е алкална храна и не креира киселост во телото.
  • Помага при слабеење: лимонот има големо количество на пектин кој помага во потиснување на апетитот.
  • Ја чисти кожата: витаминот Ц помага при намалување на борите и неправилностите на кожата, и прочистувајќи го организмот од токсини помага и при чистењето на кожата.

 

Автор:

Слични статии