Култура

Концерт со аудио-визуелниот перформанс во Даут Пашиниот амам

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Даут Пашиниот амам ќе се одржи концерт со  авторска музика на студентите од Факултетот за музичка уметност, којшто ќе биде збогатен со визуелна инсталација на студентите од Машинскиот и Архитектонскиот факултет. На концертот ќе бидат изведени дела од следниве композитори: Дарија Андовска со „Молитва“ во изведба на Ивана Стојановска – сопран и Ива Дамјановски – пијано (класа проф. Тодор Светиев).  Горан Начевски со „7 Звуци на осаменот“  во изведба на Тамара Коминовска – пијано (класа проф. Тодор Светиев), Ангел Спироски со делото „Pермафрост“ во изведба на Ива Дамјановски  на  пијано, Александар Пејовски со „Glasslessnsakamotional“ во изведба на Верица Ајтовска – виола (класа проф. Фросина Балова) и Ива Дамјановски – пијано, Никола Коларовски со делото
„Како што сеќавањата бледнеат“ во изведба на Ема Ананиевска- пијано, Драгослав Ортаков со „Таурус“, во изведба на Антоние Весковски – перкусии и Весна Ангелова Христов – пијано, Маријана Јаневска цо „Виолетова визија“ во изведба на Ива Дамјановски – пијано,  Андреј Блажевски соедба на „Акварели“ во изведба на Тамара Коминовска  на пијано, Антоние Весковски  со делото „Рапидс“, во изведба на Антоние Весковски – перкусии, Тодор Скаловски со „ Приспивна“ во изведба на Ивана Стојановска- сопран и Ива Дамјановски – пијано. Визуелната инсталација е дело на Ема Велковска и Ангела Стефановска. 

Проектот на студентите на Факултетот за музичка уметност од Скопје реализиран во соработка со студентите од Машинскиот и Архитектонскиот факултет и ги опфаќа концертите „Монолози“ и „Монохроматика“. Тие претставуваат дихотомен пар на двата елементи на современета композиција во Македонија: фолклорот и модерната, традицијата и прогресивниот музички израз. Преку синкретичен спој на музиката со други уметности, аудио-визуелниот перформанс „Монохроматика“ го користи современото музичко творештво како основа за ново синестетско доживување. Целта на проектот е да се интензивира уметничкото доживување на публиката на концертите на класична и современа музика, преку вклучување на вонмузички елементи во нив. Инспирацијата за проектот музичарите ја наоѓаат во современиот пристап кон уметничкиот перформанс и синкретичните форми и елементи кои сè почесто се дел од класичните концертни изведби. Целта на проектот е актуелизирање на современиот македонски музички репертоар и творештво, а фокусот во програмата е на ретко изведувани или нови создадени дела и афирмација на авторите од помладата генерација.

Влезот е слободен.

Слични статии