Култура

„Chromatic Point“ во Станица 26

Утревечер, на 16 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, ќе настапи македонскиот инструментален состав „Chromatic Point“, во организација на 3Гонга. Оваа музичка група свири инструментален етно прогресив метал. Членовите на бендот Душко Ичев на клавијатури, Ален Спасевски на бас гитара, Христијан Ристески, гитари и Филип Јездиќ на тапани ветуваат неколкучасовно енергично дружење. Како предгрупа ќе настапи прогресив рок групата „Yuigi од Софија.

Бендот е формиран 2010 година и веќе активно работи 8 години. Зад нив имаат издадено 3 албуми Златен Пресек во 2012 година, кој е самоиздат, потоа Слики од Старата Куќа” во 2014 година за Miner Records и третиот албум „Изгрев2016 година, исто така самоиздаден.

  • На концертот во Станица 26 публиката ќе има можност да слушне и види изведба на виртуозна инструментална музика. Ќе бидат опфатени песни од нашите 3 досегашни студиски албуми, како и изведба на новиот сингл „Clockwork” кој ќе биде за првпат отсвирен пред домашната публика. Свириме инструментален етно прогресив метал, досега немаме песна со вокал и како формација секогаш настапуваме како квартет. Песните и аранжманите ги правиме ние самите, обично некој од членовите на бендот доаѓа со некаква идеја, која подоцна во текот на пробите се разработува и во најголем дел на тој начин ја создавме музиката. Инспирациите и влијанијата ни се најразлични, од метал и рок бендови се до џез, блуз…“ изјавија  членовите на бендот.

Досега имаат настапувано на повеќе фестивали низ земјава, меѓу кои Пиволенд, Виноскоп, Т`к Так фест, МАН алтернативни награди, како и многубројни самостојни концерти во Скопје и во другите градови низ Македонија. Изминатиов месец имаа три настапи во соседна Бугарија заедно со бугарската група „Yuvigi, а по настапот во Станица 26 ќе настапат на фестивалот Полинерок во Пловдив, каде ќе ја делат сцената со бендови од целиот Балкан, како и од други европски земји.

Во меѓувреме, бендот интензивно работи на создавање музика за нивниот 4-ти по ред студиски албум.

Автор:

Слични статии