Култура

Промоција на „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец, амбасадор на Р. Словенија

Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен“ – Милан Јазбец. Вечерва, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар, (МКЦ), ќе се одржи промоција на книгата „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец, Амбасадор на Р. Словенија.

Писателот Милан Јазбец, кој е воено е и актуелен амбасадор на Република Словенија во нашата земја, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – искусниот словенечки дипломат, кој е и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност. Или, како што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi.…“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта, роман кој дури ќе посакате да го прочитате по втор пат.

Промотори на книгата ќе бидат проф. Луан Старова и Ермис Лафазаназовски, со музички настап на дуото ВИОХАРФ: Ерхан Шукри (виолина) и Мерсиха Шукри (келтска харфа)

Автор:

Слични статии