Култура

Вишиот управен суд ја врати одлуката за управување на рудникот Иловица на „Еуромакс“

Вишиот управен суд ја одби жалбата на второстепената државна комисија за управни спорови, со што ја поништи одлуката на државата за раскинување на договорот за експлоатација на концесионерот на Иловица, Еуромакс Рисосрсис. Со тоа останува на сила одлуката на Управниот суд од март годинава со која се наложува најпрво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за раскинување на договорот за експлоатација. На ваквата одлука синоќа се огласи здружението „Здрава котлина“ со остри критики и кон судот но и кон државата. Тие најавија бурна година со радикални постапки:

„Од сето погоре наведено излегува дека не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Како и за се друго во животот. Хиените и вошките од различен калибар се повторно на хоризонтот и се чини дека судирите се неизбежни. Затоа и ние почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат.

Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Или сте со народот или сте против него. Не може округло па на ќоше. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Народот е притиснат од сите страни за секакви егзистенцијални проблеми па уште и рудник на смртта му фали. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат. РУДНИЦИ ВО ЈУГОИСТОКОТ НЕМА ДА ИМА, велат од граѓанската организација „Здрава котлина“.  

 

Автор: