Почетна / Насловна / Настани / „Неговиот живот е прекор за цинизмот “: што научивме во овие пет години без Дејвид Боуви
„Неговиот живот е прекор за цинизмот “: што научивме во овие пет години без Дејвид Боуви
— 16 јануари, 2021
Утрото на 11 јануари 2016 го вклучив радиото и ги чув вестите дека Дејвид Боуви починал. Брзо започнав да ги менувам станиците надевајќи се да пронајдам некој паралелен универзум каде е се’ уште жив, но ги имаше само засипнатите гласовите на презентерите кои ги задржуваа солзите додека во позадина течеа извадоци од фасцинантниот музички свет на Боуви. Се’ колабираше во колективна тага.
Правата реакција ми беше да размислувам магично: „Но, не може да е мртов!“ Три дена претходно Боуви само што го имаше ослободено својот 25-ти албум, Blackstar, на неговиот 69-ти роденден. Неговиот официјален вебсајт објави фотографии од него, дотеран и игрив пред фотоапаратот. Во декадата по неговиот срцев удар на сцена во 2004 година повремените вести за него беа доволни да ги смират милионите фанови дека тој е се’ уште наоколу. Не дека нешто должеше некому, но свет што се’ уште го имаше Дејвид Боуви не можеше да биде лош. И потоа исчезна од него.
Илузијата дека се’ ќе отиде во неповрат после него, во последниве пет мрачни години делуваше како претсткажување. Песната Five years, напишана во 1971 година, пее за население избезумено од вестите дека „Земјата навистина умира“ и дека сите ќе изумреме за половина деценија.
Утринските вести во повеќето денови по неговата смрт во 2016 предизвикуваат слични чувста. „Главата ме боли како складиште/нема простор ни за влакно“, пее Боуви како Зиги, како веќе да пропатувал низ времето и да ја видел состојбата на нештата. Писателот Ден Фокс се присетува како ја слушал таа песна месец – два пред победата на Трамп вистински чувстувајќи ја апокалиптичната потиштеност во неа.
Сепак, вели тој, Боуви нуди излез од таквата потиштеност. „Тој беше најдобриот студент по уметност на 20 век“, вели Фокс. „Тој никогаш не престануваше да учи за уметноста и да биде љубопитен. Го следеше моделот: не се плаши да признаеш дека нешто не знаеш и најди некој што знае.“
Кураторката Бет Гринејкер, која ја раководеше уметничката колекција на Боуви 16 години се’ до неговата смрт, вели дека тој „собираше идеи, мисли… и сите тие наоѓаа свое место во неговиот живот. Од еден уметник ќе дошол до друг уметник, па до некоја книга, која ќе му прикажела нова теорија, па до философски текст…“
За Боуви, животот беше ланец од средби со луѓе и нешта што ја овозможуваа промената, а не серија трансакции креирани за некој да се издигне над другите. Неговиот живот претставува критика на филистинизмот, цинизмот и лицемерието доминантни во јавниот живот.
Сакаше да продолжи да учи заедно со нас. Боуви споделуваше читачки предлози, плејлисти, музички текстови заситени со културолошки алузии. Текстописецот Едвин Колинс вели: „Тој беше топол, смируваше и тешеше“.
Уште од тинејџерските години собирав слики од Боуви. Да се разгледуваат неговите слики во сите негови верзии е исклучително пријатно. Потсетува на опсегот на возможносто и фактот дека никој нема моќ да ти наметне што или кој треба да бидеш во која било фаза.
Сликата од Боуви што ми е најтрогателна е сликана во Австрија во 1994, во Gugging Haus der Künstler, тогаш галерија и терапевтска резиденцијална болница за уметници близу Виена. Боуви, на 47 години, на прагот од еден од своите најдобри албуми, Outside, стои во поплочено предворје, со раката преку рамото на постариот уметник Освалд Чиртнер, гледајќи настрана од камерата, можеби кон некое негово дело.
Двајцата изгледаат слаби, сериозни и решителни. Ве потсетува дека Боуви не беше толку висок, дека беше срамежлив и дека можеше силно да ја затемни својата жива енергија кога беше потребно. Двајцата многу си личат, како да се еден ист човек.
Она што го прикажува таа фотографија, и што најмногу го сакам кај Боуви, е полниот сјај на неговата човечност. Неговиот траен подарок е тоа што веруваше во сите нас. („Дај ми ги рацете/ бидејќи си прекрасен! Прекрасен!“, пееше, како Зиги, во 1972). Она што научив од него, како тинејџер кој очајно се обидуваше да избегне одреден пат, беше дека може да го промислуваш она што ти е дадено, и да го одбиеш или преработиш.
Поради тоа го сакав, него, некој што никогаш не сум го ни сретнал. Минаа пет години од смртта на Боуви, и тоа чувство се’ уште трае. Се сеќавам, кога бев многу мал ја прашав мајка ми дали плачела кога умрел Елвис, и ја видов тагата на моите родители кога го застрелаа Џон Ленон во 1980. Поп-културните фигури со кои пораснале имале улога на носители на надеж и суштинска верба во човештвото.
„Да, плачев цел ден“, ми рече таа. Сега моите ќерки ме прашуваат истото за Боуви и не можам да им одговорам без да заплачам. Најверојатното објаснување за мене е тоа што, по неговата смрт поворно се чувствувам малку изгубено, како кога бев дете. Боуви беше и останува водич за осамените луѓе очајни да видат некое матно соѕвездие кое знаат дека е таму, но не можат самите да го видат.
Музичарот и писател Ник Кари-Момус кој ја препеа песната на Боуви Where are we now? (2013), вели дека, како тинејџер во седумдесеттите, за време на фазата на забрзани промени на Боуви во неговиот изглед, звук и стил, тој „делуваше како да расте со мене, растегнувајќи ме со секој чекор. Неговите продолженија беа важни: кабуки костумите, високиот роботски глас со кој пееше за ултранасилство, темата на лудилото, романтичните слики на херои… Се’ уште постои многу длабока рана во мене од неговото исчезнување.“
Кари заклучува: „Како да прифатив дека она што остана од него е длабоко во мене, и во многумина други. Расеан е низ сите нас. Тој не е само мртва оставина, туку нешто охрабрувачко и креативно, каков што секогаш и беше.“
Боуви не’ снабди со доволно утеха за да можеме да го пребродиме остатокот од нашите животи. Имаше само еден Боуви, но милиони животи беа сменети поради него. Со зборовите на Пол Морли, „ни ја покажа важноста за дистинктивна, непослушна имагинативна акција“, само ако сакаме да ја видиме.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…