Култура

Десет атракции кои можат да исчезнат поради загадувањето

Кога станува збор за некои историски или туристички локалитети, некако, се подразбира дека тие ќе бидат тука и не чекаат да ги посетиме. Но, дали навистина е така? Имено, многу од овие познати и многу значајни културни знаменитости се се загрозени и би можеле да исчезнат.

Еве кои од овие места би требало да се посетат што поскоро:

Стариот град, Јерусалим

Во стариот град се наоѓа и Ѕидот на плачот кој е единствен остаток  од Вториот градски храм и е едно од духовно најзначајните места на светот. Од 1980 година градот е на листата на УНЕСКО за загрозени културни знаменитости, бидејќи раширената урбанизација претставува значајна опасност за опстанокот.

Национален парк Еверглејдс

Овој парк е еден од 58 национални паркови во Соединетите Американски Држави. Тоа е најголем суптропски резерват на дивината во Северна Америка, едно е од најомилените места на многу патници, но забот на времето и човековите активности му одат на негова штета. Неговиот опстанок за прв пат е доведен во прашање откако претрпе голема штета од ураганот Ендрју во 1993 година. Но човековото влијание е најголемата опасност, бидејќи дотокот на вода значително е намален на ова подрачје, а влијанијата од загадувањето се зголемило што довело до зголемување на алги и штетното влијание по околината од нивното цветање. Неговиот огромен, разнолик див свет е загрозен повеќе од било кога.

 

Коралниот гребен покрај Австралија

Овој масивен, некогаш успешен корален гребен покрај крајбрежјето на Австралија е во голема опасност. Избелувањето на коралите, односно губењето на прекрасните бои, е нуспојава од климатските промени, бидејќи се намалуваат хранливите состојки што се потребни за опстанокот на овој корален гребен. Затоа пак, тоа многу му наштетува на морскиот живот кој некогаш бил овде многу развиен. Величествените бои, коишто биле главно обележје на ова подводно чудо, постепено исчезнуваат. Овој гребен и понатаму е најголем екосистем на коралните гребени во светот, но проекциите предупредуваат дека штетите врз овој еко систем ќе остават големи последици во наедните десет години.

Национален парк Глечер

За пропаѓањето на овој американски национален парк причина се климатските промени. Овој величествен парк Глечер завзема големи пшовршини од сојузната американска држава Монтана и привлекува околу 2,3 милиони посетители годишно. Застрашувачки е што би можеле да бидеме една од последните генерации што ќе може да го посети. Според Американското геолошки завод, преостанатите глечери ќе почнат да исчезнуваат во 2030 година.

Таџ Махал

Оваа величествена градба се наоѓа во Агра, во Индија. Самата структура на градбата е загрозена, но главната причина за загриженост е од можната одлука на Индискиот Врховен суд да ја затвори оваа атракција, ако Владата не почне подобро да се грижи за неа. Загадувањето доаѓа од големиот број на туристи но и од индустријализацијата на подрачјето на кое се наоѓа оваа градба. Го напаѓаат и голем број на инсекти, поточно муви кои се размножуваат во загадената река што се наоѓа во близина, а тоа влијае на структурата на оваа градба во последните години. 

Автор: