Култура

Загадувањето со микропластика стигна и до плацентата на новороденчињата

Студиите веќе покажаа дека секојдневно внесуваме околу 330 ситни парчиња пластика, со големина на семе од сусам или помали. Но релативно непознато е во која мера овие честички успеале да се вовлечат во нашите органи и какви последици оставаат. Научниците се плашат дека во себе би можеле да содржат хемикалии кои би можеле да нанесат долготрајна штета или да го пореметат имуниот систем на фетусот во развој.

Заради исклучително малата големина од десет микрони (0,01 милиметри), тие можат да влезат во крвотокот и така можеби и во телото на бебето, но истражувачите не успеале да го утврдат тоа.

„Тоа е како да сте родиле бебе-киборг: веќе не е составено само од човечки клетки, туку од мешавина на биолошки и неоргански супстанци“, рече Антонио Рагуса, директор по акушерство и гинекологија во болницата Сан Џовани Калибита Фатебенефратели во Рим, кој е водечки истражувач во студијата. „Мајките беа шокирани.“

Микропластиката потенцијално може да го попречи растот на фетусот и да предизвика пееклампсија (компликација на бременоста која се карактеризира со висок крвен притисок и знаци на оштетување на другите органи, најчесто ја црниот дроб и бубрезите), се наведува во студијата. Во студијата учествувале уште две жени и кај нив во постелката не е најдена микропластика, што можеби е резултат на различна физиологија, исхрана или начин на живот.

Новото истражување откри микропластични честички во постелката на четири здрави жени кои имале и нормална бременост и уредно породување. Овие честички мајките веројатно ги внеле или ги вдишале. Откриени се и на феталната и на страната на плацентата на мајката, но и во мембраната во која се развива фетусот.

Иако кај секоја мајка биле пронајдени десетина пластични честички, испитани се само четири проценти од постелката, што значи дека реалниот број би можел да биде поголем. Сите честички имале траги од пигмент со црвена, сина, портокалова или виолетова боја, што можеби изворно доаѓале од амбалажа, боја или козметика и производи за лична нега.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Автор:

Слични статии