Денес купуваме облека повеќе од кога било претходно, ја носиме пократко време и создаваме огромни купишта текстилен отпад, кој во голем дел завршува на депонии и се пали ослободувајќи токсични материи и гасови со ефект на стаклена градина. Секоја година се произведуваат неверојатни 100 милијарди парчиња облека, по 14 парчиња облека за секој човек на планетата. Модната индустрија стана синоним за прекумерна потрошувачка, но и неконтролирано производство на отпад, загадување на животната средина и експлоатација на работниците.
Проблемите на модната индустрија се бројни, па затоа во јавноста ретко се доаѓа до темата за нејзиното влијание на климатските промени.
Синтетиката е прва во низата проблеми
Влијанието на модната индустрија на животната средина започнува од првата алка во ланецот на снабдување. За да произведе што поевтин текстил индустријата сè повеќе се потпира на синтетичките влакна, првенствено на полиестерот. Доколку продолжи сегашниот тренд за употреба на синтетички влакна, проценето е дека за помалку од една деценија три четвртини од текстилот ќе се произведува од фосилни горива. Полиестерот депониран во природата се распаѓа и создава микропластични честички кои не се биоразградливи и кои продолжуваат да кружат во природата, па можат да се најдат дури и во живи организми.
Поголемиот дел од облеката својот животен век ќе го заврши или на депонија или ќе биде изгорена. Од вкупно 48 милиони тони облека произведени во 2015 година, крајна дестинација за повеќе од 70 проценти, или 35 милиони тони облека, ќе биде или некоја депонија или некоја печка, при што 70 проценти од тоа се депонирани, а преостанатите 30 проценти запалени. Секоја секунда приближно еден камион облека се исфрла на депонии ширум светот. Поголем дел од овој отпад постепено ќе скапува следните стотина години, тослободувајќи микровлакна и токсични хемикалии во тлото и подземните води, како и метан во атмосферата.
Рециклирањето не може да го реши проблемо
Во моментов се рециклира помалку од 1 процент стара облека за да се произведе нова, 13 проценти се префрлаат во други материјали, додека материјалот за рециклиран полиестер главно доаѓа од пластични шишиња. Со тоа пластиката само се пренесува од рециклажниот циклус и се доведува на чекор до депониите. Облеката која не се депонира се пали. Бидејќи количината облека која станува отпад константно се зголемува, а нејзиното откупување опаѓа, во некои посиромашни рурални средини забележано е дека луѓето користат пакети половна облека како гориво за огрев, што го доведува процесот на палење на облеката во населени области што дополнително може да има последици по здравјето на жителите.
Според проценките, модната индустрија учествува со околу 8 до 10 проценти од вкупните емисии на гасови со ефект на стаклена градина, и околу 20 проценти од отпадните води.
Позитивни примери на работење
Некои компании самоиницијативно ги преземаа првите чекори и го реформираа своето работење.
На пример, брендот за женска облека House of Baukjen доби награда од ОН за својот циркуларен деловен модел. Нивната модна куќа постигна јаглеродна неутралност во целиот свој снабдувачки ланец, процесите на производство и логистика. Еден од методите за ваквиот успех е што своите материјали ги набавуваат од етички добавувачи, главно одлучувајќи се за природни влакна кои се обновливи и од рециклиран материјал.
Примерот на бавна мода како вид работење го примени Патагонија која со негативната маркетиншка кампања „Не ја купувај оваа јакна“ апелираше до своите клиенти двапати да размислат пред купувањето и да се определат за нешта кои би им траеле. Компанијата оствари раст на приходите продолжувајќи да произведува облека која трае. За време на Црниот петок во 2016 година преку продажба остварија 10 милиони долари, а сиот приход го донираа во борбата против климатските промени.
Заедно со брендовите Deciem, Freitag и Allbirds последниве години редовно го бојкотираат овој ден со кој се поттикнува масовното купување.
Одлучувачката улога на законодавството
После ЦОП26, нова надеж доаѓа од Европската комисија која најави дека годинава ќе ја објави целокупната стратегија на ЕУ за текстилните производи. Оваа стратегија претставува можност да се намали негативното влијание на светската мода. За ефикасни промени е неопходно раздвојување на модната индустрија од фосилните горива и обезбедување индустријата да се трансформира во одговорно производство засновано на употреба на одржливи влака и преминување кон производство на облека која би имала подолг век на траење и повеќе можности за рециклирање.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…