Култура

Сите нови станбени згради во Англија мора да имаат цигли за пчели

Со цел да се зголеми биолошката разновидност, градот Брајтон донел измени во Законот за планирање, според кои секоја нова станбена зграда со височина над 5 метри мора да има специјални тули, прилагодени за гнезда за пчели и кутии за гнезда за птици. Феј Клифтон (Faye Clifton) од Green&Bluea, фабриката којашто ги произведува овие цигли, со својата иновација за оваа цигла за пчели, (bee brick), е лансирана во 2014 година кога ја освоиле наградата за иновација на Задругата Soil Association. Оваа цигла е развиена во соработка со еколозите и пред лансирање на циглата на пазарот го направиле двегодишниот истражувачки проект со Универзитетот во Егзетер за да ја тестираат нејзината ефикасност.

Овие тули се со иста големина како и обичните, но имаат тесни отвори во кои пчелите самици може да прават гнездо. Целта на измените е да се зголемат можностите за биолошка разноликост со оглед на тоа што ваквите пчели сочинуваат речиси 250 од приближно 270 вида пчели во Велика Британија и тие играат важна улога во природниот екосистем.

Специјалните тули за пчели им биле предложени на властите во 2019 година, а одредбата се применува од 1 април 2020 година. Корнвал и Дорсет се други места што усвоиле слични политики во земјата.

Како што објаснува Феј Клифтон од „Грин енд блу“, компанијата што произведува специјални тули за пчели, пчелите самици најчесто се гнездат во истрошените ѕидарски материјали и стари тули, но модерните згради се совршено изградени и нема простор за гнездење.

Научниците се поделени за ефективноста на овие цели бидејќи некои сметаат дека постојат ризици, како привлекување инсекти и полесно ширење на болести. Но според оние што ја поддржуваат, предностите се поголеми од ризиците.

Една третина од светското производство на храна зависи од пчелите и другите опрашувачи, но околу еден од 10 вида пчели во Европа е во опасност од изумирање. Пчелите самици се особено загрозени бидејќи поголемиот дел од иницијативите се однесуваат на медоносните пчели.

Извор:Green.hr

Автор: Клара Модриќ