Култура

Почина познатиот хрватски писател Игор Мандиќ

Вчера во Загреб, почина познатиот хрватски писател, книжевен критичар, есеист.. Игор Мандиќ на 83 годишна возраст, објавија хрватските медиуми. Автор е на 34 книги, меѓу кои „Оклоп од хартија“, „Дневник пред смртта“, „Под мојата кожа“, „Што сакаат тие жени“… објавил безброј литературни и музички критики, фељтони, есеи, полемики и разни текстови, како и три книги со автобиографски размислувања и дневници. Во нив тој собрал дел од стотици и илјадници написи во весници, коментари и критики кои ги објавувал во различни медиуми, почнувајќи од „Вјесник“, каде работел од 1966 до 1993 година и каде во 2000 година накратко ја извршувал функцијата главен уредник. Познатиот, меѓу другото и новинар, антологичар и публицист, Игор Мандиќ, го одбележа хрватското новинарство во втората половина на дваесеттиот век. Бил долгогодишен соработник на многу телевизии и радио станици, објавувал социо-културни фељтони, есеи, полемики и книжевна критика. Добитник е на наградата за животно дело на Хрватското здружение на новинари во 2005 година.

Роден е во Шибеник на 20 ноември 1939 година. Студиите за компаративна книжевност ги завршил на Филозофскиот факултет во Загреб во 1963 година. „Сè што имав да кажам во оригиналот, го напишав во моите книги“, рече еднаш Мандиќ.

Игор Мандиќ кариерата како литературен критичар ја започнал во „Вјесник“, по што неколку години пишувал за „Слободна Далмација“, како и за многубројни весници и списанија во СФРЈ, а подоцна и во регионот, а бил чест гостин и на радио и телевизиски емисии. Во 1997 година преминал во слободни уметници објавувајќи текстови во различни весници.

Живеел и работел во Загреб, каде во последните години пишувал редовна колумна за „Јутарњи лист“.

Тој бил омилен соговорник поради неговата проникливост и духовитост. Бил горд на својот хедонизам кога станува збор за храна и пиење.

Од 1993 до 1995 година пишува културни коментари за „Слободна Далмација“, а во 1997 година станува слободен уметник, објавувајќи во различни весници. Во последните години тој објавува редовна критичка колумна во „Јутарњи лист“.

Tagged with:

Автор:

Слични статии