(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022)
Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на човекот.
Во оваа поетска збирка Ал-Асади говори за тивкото и незабележливо бегство на човекот од стравот, за неговото непрекинато себеоткривање кое го покриваат ноќта и неспокојот, за една релоцираност на времето и за исцедувањето на вечноста низ процепите на мистиката. Поетската збирка „Секој секому огледало“ за разлика од неговите други три збирки во своите стиховни рефлексии ја има и римата која во поетските пазуви на овој исклучително талентиран поет се вовлекува како метроном на промислата за древното Кокино, но и за неговата релација со денешните проживеани и измислени неспокои.
Сите поетски збирки на Андреј Ал-Асади возбудуваат на различен начин. Оваа поетска збирка е закотвена под ореолот на временските витли, за таму, со сите свои крици и лелеци да покаже колку бесмртноста на суровоста е самата формула на нашиот се пократок живот. Ал-Асади ја објаснува животворноста и духовниот немир „верувајќи дека ништо не е за навек“, но и верувајќи дека „стискаме ново сонце в дланки“. Тој зборува многу емотивно за љубовта како најголемиот лакмус на човековата присутност, но и за смртта како премин, за радоста како прокоба, а и за „азбуката на срцето.“ Срцето во овие стихови е водилка, а умот прилагодување, но кога застануваме кај храброста, тогаш низ овие стихови чувствуваме тивок гнев, вриеж кој е умешно воден од рациналните согледби, но и една достага која тука, во овој ракопис е многу специфична – имено, Ал-Асади низ поттекстите на своите стихови за чувствената меморија говори како да нема временска одредница, со тенок амалгам на иреверзибилност.
Три столба има оваа поетска книга на Ал-Асади вообличени во три дела (Секој секому огледало, Оди за срцето и каменот и Молец и свеќа) кои се извишуваат во длабоките значенски вриежи што тргнуваат отворајќи ги тешките врати на контемплацијата за да се нурнат во маглата на „другото“ битствување, да испишат неколку проѕирни биографии и спиритуални хагиографии. Во тие крај-пати и повремено замрачени стиховни согледби, овој млад поет ја црпи својата зрелост и стиховите во оваа поетска збирка линеат со едно прилично лесно провнато очудување од чија постојаност пак ние како читатели ја црпиме нашата осознаеност. Ова ме потсетува на една многу позната максима на големиот филозоф на дваесеттиот век Жан Бодријар која вели: „нема повеќе надеж за значењето: значењето е смртно. Изгледите, тие се бесмртни, неранливи на нихилизмот.“ Андреј Ал-Асади вели:
Би направиле сѐ што можеме
за животот да се покори
пред ветувања наместо борби
заземања, наместо солзи.
(Две во едно или едното за двете)
а она што останува како легитимитет на постоењето е веројатно послениот воз за да стигнеме во еден Авалон чија суштина веќе не ја наоѓаме ни во најлажливите ветувања. Оваа поетска збирка има вибрантна семиотика: се движи од видливите знаковни комплекси (солза, збор, дрво, јазик) па се до онаа насетувана семиотичка иконокластика (соништа, насмевка, тага, демони), а просторната и временска траекторија на овој исклучително талентиран поет се спојуваат во цитатните определби заграбени во историските и современите настани и имиња. Времето е солдат во овие стихови, а неговото оружје е духовниот опстанок за целата цивилизациска несреќа која се сублимира во повторната едноставност на животниот опит и тоа lege artis.
Навраќајќи се повторно на љубовта, во овие песни флуидот има тенка, но многу значајна глазура на материјализираност, едно особено чувство кое плени додека ги читате:
„Да, ти сакаш само да ме измамиш
Да ги отворам јас моите
А ти да ги затвориш своите очи
И две прозрачни крилја
Наеднаш да те кренат
И да те однесат
Во портокаловата крошна.“
(Химна за матицата)
Поетските ракописи на Андреј Ал-Асади лебдат и се разлеваат повремено положувајќи стихови од нив како максими, како мисли кои водат, но и мисли кои предупредуваат. Овој ракопис блеска со својата универзалност и специфика, носи цврста порака дека постоењето има своја длабока духовна сонда и дека љубовта е начин на живот во кој измамата со својата фаталност гради нови замоци на мудроста, но и искуство за оној друг живот кој не можеме да го спознаеме и само го нагаѓаме. Рефлексијата на Андреј Ал-Асади е фундаментална, далекусежна и слоевита и како што вели тој:
„И ние веќе стискаме ново сонце в дланки,
верувајќи дека ништо не е за навек,
дека вината конечно ќе се помири
со нашиот занес,
и ненаситно ќе грабаме напред.“
(Изгребани огледала)
Кога сме кај времето и постоењето, од оваа сјајна поетска збирка можеме да извлечеме нешто што би го нарекле реоткривање на себеси. Ал-Асади зборувајќи за комплексноста на животот и неговата различна интерпретација, наведува на тоа дека можеби преиспитувањето ќе ни ја заостри приустноста и дека така видливи ќе можеме да чекориме по животните патеки похрабро, а што е најважно подостоинствено. Оваа поетска збирка е од исклучителна важност најмногу заради својата специфика и уникатност. Но, не можеме да не спомнеме дека нејзината импактност лежи токму во поттекстите на духовните мета-транскрипти, една тенка линија што ја има само неговиот книжевен сензибилитет, како и едно пулсирање кое го чувствуваме, а не го рационализираме и токму тие вредности ја прават оваа стиховна авантура бурна и многу впечатлива. „Секој секому огледало“ е за секого постела од трња, но и долгоочекувана клетва што не можеме, а да не ја отстрадаме, заради нашите согледби и заради едно присуство за кое, авотот ни наметнува дека многу долго ќе го преиспитуваме.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…