Почетна / Насловна / Настани / Дариа Д’Антонио, кинематограферка на филмот „Божјата рака“ на Паоло Сорентино: Скромноста е доблест во создавањето филмови
Дариа Д’Антонио, кинематограферка на филмот „Божјата рака“ на Паоло Сорентино: Скромноста е доблест во создавањето филмови
— 20 август, 2022
Дариа Д’Антонио (Daria D’Antonio), една од водечките италијански и европски кинематограферки, е специјална гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ со гала-проекцијата на ремек-делото „Божјата рака“ (È stata la mano di Dio / The Hand of God) на култниот режисер Паоло Сорентино, кој е денес на фестивалската програма.
По прес-конференцијата Дариа Д’Антонио одржа и мастер клас во Малата сала на Центарот за култура Битола. Родена во Неапол, генерациски исписник на Сорентино, Дариа Д’Антонио најпрвин го изрази нејзиното големо задоволство што ја има честа да го претставува „Божјата рака“, кој досега освои десетици награди и номинации на филмските фестивали ширум светот, и е лична емоционална сторија на авторот за Неапол од 80-те години на минатиот век.
Со искрена скромност и голема емотивност, Дариа Д’Антонио пред присутните го сподели нејзиното чувство на своевидна засраменост откако ја видела фотогалеријата на кинематографери кои досега биле чествувани на ИФФК „Браќа Манаки“ и одржувале мастер класови.
-Имам огромно задоволство што можам да зборувам за филмот кој не само што го прикажува градот Неапол, туку и мојата страст кон филмот. Сакам да го споделам со вас задоволството што ми го овозможил филмот, бидејќи сиве овие изминати години имав прилика да работам со луѓе што ги сакам, и мислам дека тоа е спас за мене како кинематографер, бидејќи е голема привилегија да се работи она што се сака, рече Д’Антонио на почетокот, изразувајќи задоволство што пред неа во публиката се луѓе кои се репер во кинематографијата.
Дариа Д’Антонио се наврати на нејзината младост и тешкотијата да се изрази се до моментот кога ја открила фотографијата: кога ја развила првата слика во темната комора почувствувала дека тоа е откритието што потоа и го обележало животот. Но, потоа го открила и филмот како израз, но и како шанса да комуницира на поинаков начин.
-Филмот ми откри дека можеме да комуницираме и без зборови, да го прават она што отсекогаш ми се допаѓало – да гледам на нештата со различен тип на учество. Многу и должам на оваа професија и тимскиот дух во работата на филм, истакна Дариа Д’Антонио.
Таа посочи дека во снимањето филмови многу е важно да се почитува приказната што треба да се раскаже, а тоа се постигнува со многу скромност.
-Важно е да го заборавиме она што го знаеме за да можеме ја претставиме приказната на нов начин. Скромноста може само да ни помогне. Ова е втората привилегија, бидејќи работата на филм ме направи тоа што сум, вели Дариа Д’Антонио.
На прашањето колку е тешко да се биде ѕвезда, не само во Италија туку и на интернационален план, во една професија која традиционално се смета за „машка“, Д’Антонио е свесна дека е една од малкуте жени-кинемнатографери во Италија, но тоа никогаш не и претставувало некој лимит, бидејќи смета дека луѓето ја перцепираат според работата и креацијата.
-Никогаш не сум си го поставила прашањето дека сме малку жени зад камерата. Никогаш не се почувствувам потценето бидејќи имав среќа да работам со интелигентни автори. Машката доминација во филмот во Италија можеби е најмал проблем во споредба со доцнењето на многу општествени процеси во споредба со Франција, на пример, како што се законите за развод и абортус. За среќа, се менуваат и мажите и ситуацијата, посочува Д’Антонио.
Запрашана за нејзините примери во филмот, Дариа Д’Антонио ги истакна режисерите од италијанскиот неореализам, а омилени автори и се Лукино Висконти, Виторио Де Сика, Пјер Паоло Пазолини, како и американскиот режисер Теренс Малик, од кого многу научила.
-Многу работев со италијанскиот кинематографер Лука Бигаци, и научив да сфатам многу работи за себе си. Благодарна сум му бидејќи научив како функционираат многу работи на филмскиот сет, истакна Д’Антонио.
Говорејќи за „Божјата рака“ и „улогата“ на Неапол во него, Дариа Д’Антонио смета дека тој град често пати бил злоупотребуван во филмските приказни, бидејќи се работи за комплексен проблем, и не се работи само за Неапол во социолошки поглед.
-Тешко е да се опише сопствениот град, бидејќи и јас често посакувам да се разбудам еден ден и да го видам со други очи. Затоа во „Божјата рака“ сакав преку очите на детето да ја прикажам меланхолијата, чувството кога сме млади и кога не знаеме што носи иднината. Сакав да го постигнам токму тоа чувство на заборав за сето она што го знам, и големиот филмски формат ми помогна за да направам таа дистанца, објаснува Д’Антонио.
Запрашана за историската веродостојност на сцената во „Божјата рака“, кога група луѓе одат на аудиција за филм на Федерико Фелини, Дариа Д’Антонио посочи дека Сорентино често прави омажи на овој легендарен режисер во неговите филмови.
-Кај Сорентино не може да недостасува Фелини, вели Д’Антонио.
Специјалната гостинка на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ одговараше и на прашањата од присутните за професионалниот преод од филмска лента на дигитална технологија, како и за соработката со новите генерации автори во италијанската кинематографија.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…