Култура

Миливоје Млаѓеновиќ: Сè во театарот вреди повеќе од отровниот отпад на стварноста

Уметноста не би требала да биде утилитарна, бидејќи тогаш е оштетена, идеолошки нагризана, значи – сомнителна. Би било најдобро таа да му служи на човекот да истрае, да не се уништи самиот себе, за што е најблиску од било кога, бидејќи е суетен, граблив, богохулен и лицемерен, вели Миливоје Млаѓеновиќ, селектор на годинешното 67. Стериино позорје.

Миливоје Млаѓеновиќ

Дали може да се каже дека оваа година се нагледавте добри претстави или повеќе гледавте лоши?

Би бил поспокоен да видев повеќе претстави кои би ме допреле искрено и длабоко, кои исконски би ме заинтригирале. Секако, видов и некои претстави чиј знаковниот систем не го разбрав во потполност, па ме збунија. (Сега, ако после 35 години активно учество во театарскиот сообраќај не сум ја укапирал сигнализацијата…) Но, сето тоа вреди и понатаму колку вреди, а вреди повеќе од она што преобилно се тркала во отровниот и злокобниот естраден отпад од громогласните медиуми. Сета среќа  што кај нас постои тенок слој на фини – исконски предадени на театарот – новинари и журналисти кои страсно го промовираат театарот. Бидејќи, не ми годи брзоплето, невтемелено, со ништо поткрепено презирање на трудот на театарските уметници, коешто е се поприсутно. Значи, сето она што нашите театри го произведуваат е добро, но најдобро е на Стерииното позорје, а потоа и на другите фестивали. Стандардите се високо поставени, секако, мерено спрема нашите можности.

Што мислите, колку ова пандемиско време му даде друг тек на театарското реинтерпретирање на светот?

Било, да не се повтори. Пандемијата е сериозен пореметувачки фактор на театарскиот живот, продукција, уметнички ангажман, кој е осуден со ситуации, појди – застани, со страв, неизвесност, а кога на тоа се надоврзуваат нашите традиционални особини – мрзеливост, индоленција, немарност, сега сето тоа избива и се чувствуваат последиците. А што се однесува на подиректно, театарско, драматуршко преиспитување на дејството на пандемијата на функционирање на човечкиот, па после и на општествениот организам, засега тоа е сеуште рано. Иако, таа појава, експлицитно и имплицитно, се подвидува во атмосферата на некои претстави.

Многу млади генерации,  театарски творци, (Маја Пелевиќ, на пример, на таа тема даде интервју на SEE cult) сметаат дека нашиот театар е сериозно умоен, велат, старото умре, а новото уште не е дојдено… Каков е вашиот впечаток? Дали сме усидрени на погрешно место? Дали сме ние тие што не сме?

Тука сме, каде што сме. Не би требало ниту да се занесуваме дека сме некоја сила, но ниту да се понижуваме самите себе. Со краток век е нашата историја на театарот,  да бидеме свесни за тоа кога во 1736, Козачински ја дава Траедокомедија во Сремски Карловац, отприлика во тоа време, италијанската Опера гостува во Русија, а Готшед ја убедува Каролина Нојбер да се откаже од кловнерство со Хансвурст и да го замени со класицистички трагедии. Толкава била разликата помеѓу  нас и театарски просветени народи. За среќа, денес не каскаме толку позади светот. Маја Пелевиќ и тој прогресивен средно-млад и млад свет (Миња Боговац, Олга Димитријевиќ, Димитрије Коканов, Тијана Грумиќ, Филип Грујиќ) се доказ дека новиот театар е тука, додуша можеби недоволно афирмирано, но сепак присутно. И на Позорје. Само што Маја поради вродената скромност тоа не сака да го каже, туку морам јас. Но, да и кажам на Маја, иако таа секако тоа го знае, дека исто така тој одртавен театарски сој знае и може да покаже уште стотини огнени драматуршки ѓаволштини, пред да се упокои и отиде на исповест кај Стерија, мирен и спокоен, бидејќи во наследство остави добро поколение.

Што мислите, колку за овие години гледање претстави изгубивте од вашиот гледалачки ентузијазам и невиност?

Ќе ми верувате кога ќе ви кажам дека што сум постар толку повеќе уживам во гледање на претстави. Потребно ни е уште сцени и уметници. Да го обзнанат сето она што е неприродно и чудовишно во човекот и скандалозно и неподобно во општеството, да не придвижи сите нас во правецот на промената на тој свет.

Што значи за вас добра претстава? Кои претстави ги паметите како пресвртница во нашата најнова театарска стварност, да кажеме, во последните десетина години?

Мора исконски да го обземе целото битие, да активира се во мене до таа мера што тие моќни слики ќе останат во сеќавање… Музиката што ја слушаш со денови. И да ме држи, да ме тера уште долго и после претставата да трагам за смислата со којашто е набиена. Како Наход Симеон на Томи Јенежиќ, како Брод за лутки на Ана Томовиќ, На Дрини Ќуприја на Кокан Младеновиќ, Мерка за мерка, на Дејан Мијач, Семпер Идем на Горчин Стојановиќ, Зоран Ѓинѓиќ на Оливер Фрљиќ, Царство на мракот на Игор Вук Торбица, Ако долго гледаш во провалија на Златко Паковиќ, Отело на Милош Лолиќ, Чекалница на Борис Лијешевиќ, Мира Андраш Урбана…. Има, има добри претстави.

Може ли, кога се гледаат претставите, да се биде несубјективен и, како би ја објасниле таа сублимација на селекторската субјективност и објективност, бидејќи, објективно, секој човек има свој вкус?

Многу е тоа лизгав терен. Сите ние сме различни. Некои го гледаат театарот и го ценат по тоа колку се вклопува во нивниот рецепциски видокруг, односно како тие го разбираат. Другите се без став, па го формираат на основа на владеачкото мислење на јавноста, трети се под влијание и помалку помодни…Треба да се потпреш на сопствен театарски инстинкт, без оптеретување со семиологија, да не се прилагодува сопствен вкус спрема владеачкиот тренд и да не се ускладува по секоја цена со теориски постулати.

Кој е вашиот совет за луѓето коишто го водат театарот?

 Нема доволно високи училишта за управници на театар, а истовремено, сите училишта се доволни за управници на театар. Се си, а ништо не си. Ако веќе си влезен во тој свет, тогаш: сакај го артистот безусловно, бидејќи артистот е се во театарот. Тоа ти е мој прв совет. А со сите останати внимателно. Потоа, читај, прати, биди буден, патувај, верувај во себе, а сомневај се во своите постапки секојдневно. Не прави никакви калкулации, освен оние кои се однесуваат на финансиите. И ти биди суров, бидејќи и онака никој нема да те сака, но ќе имаш уредно воден театар, а тоа е предуслов за уметнички снажен театар. Одреди го уметничкиот правец на твојот театар, ако си кадар, и понатаму не се плеткај неумерено во уметност. Ако како управител имаш амбиции да се занимаваш со уметност, тогаш немој да управуваш. И сакај го театарот, свет е.

Се вративте на едукација, дали би се вратиле на некое управничко место?

Никаде јас не отидов. Цел живот сум во служба на театарот, на различни начини. Не се вратив, јас од новинарство дојдов во театарот, а после прогонството од театарот , избегав на факултет, па после помилуван дојдов во друг театар… и така. Никогаш досадно. Дејан Мијач, некаде на почетокот на моето управување, рече, мене и на Елдин Табучиќ, тогаш директор на тузланскиот театар: „Управителите се луди луѓе. Што се помлади, тоа се полуди“… Изгледа дека не исполнувам некои од овие услови! Со години мислам за тоа што Дејан Мијач, не само тогаш, ни го порача и тоа го потпишувам… Млади, одлучни, енергични, бескомпромисни, образовани, духовно силни, се потребни на нашиот театар.

За што служи уметноста денес?

Не би требала да биде утилитарна, бидејќи тогаш е оштетена, идеолошки нагризана, значи – сомнителна. Би било најдобро таа да му служи на човекот да претраје, да не се уништи самиот себе, за што е најблиску од било кога, бидејќи е суетен, граблив, богохулен и лицемерен.

Нашата култура често личи на театарска избирачица, а така лесно би било да се одберат добри работи. Кога културната политика е во прашање, постојано сме кај иста вечна славина што пресушила. И постојано сме на некој ролеркостер, постојано живееме некое време на гаврани чекајќи некое чудо во Шарган… Каде се новите луѓе, кои тоа време на нелагодност би можеле да го сменат, дали воопшто сме спремни за тие промени, дали воопшто сме спремни за тие промени со кои ни се полни усните, дали ние старите сме спремни да се откажеме од привилегиите и да им го препуштиме кормилото не би ли го свртеле сидрото во подобар правец?

Хм… Приметувате ли дека нелагодноста е нашата перманентна состојба веќе со години? Дека тоа чувство на светот ги прожима, соединува, спојува нашите животи и дека тешко им се спротивставуваат и најхрабрите? Сакам да кажам, стравот за егзистенција ги одвраќа луѓето од акција, ги сопнува и ја гуши секоја идеја за промена. Млади, мудри и одважни, се единствениот спас.

Насловната фотографија на Гордана Нонин

Разговарала Наташа Гвозденовиќ

Автор: