Почетна / Култура на живеење / Насловна / Отворено 7. Издание на МФФ Киненова, доделена наградата за особен придонес во филмската уметност на Илдико Ењеди
Отворено 7. Издание на МФФ Киненова, доделена наградата за особен придонес во филмската уметност на Илдико Ењеди
— 8 октомври, 2022
Годинешното седмо издание на МФФ „Киненова“ вчера во преполнетата сала на киното „Милениум“ започна со доделувањето на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди.Веднаш потоа беше прикажан хрватскиот филм „Чичко“ со што беше означен почетокот на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет.
-Годинава наградата за особен придонес во филмската уметност ја доделуваме на Илдико Ењеди, унгарска режисерка и сценаристка чии филмови донесоа нови перцепции за едноставното и она што вознемирува. Филмска авторка со голем талент, почитувана, славена, наградувана со најпрестижните филмски фестивалски награди низ светот, рече Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова врачувајќи и го признанието на годинешната лауреатка.
-Навистина сум трогната пред се поради доделената награда, а потоа и возбудена бидејќи ја добивам од Фестивал кој ги прикажува првите и вторите филмови. Првиот филм е секогаш нешто многу посебно во кариерата на режисерот. Се надевам дека ќе откриете прекрасни таленти и се восхитувам и ја почитувам снагата и енергијата на фестивалот кој прави многу важна работа- ја слави првата работа на овие млади режисери, истакна Ењеди.
Фестивалот „Киненова“се изнедри од ентузијазам и борба за слободен авторски израз кој му дава ветер во грб на секој млад и храбар филмски автор во промовирање на своите дела.
-Во време на силна поларизираност во целиот свет. Социо-економска и политичка нестабилност и непредвидливост, најранливи области стануваат уметноста и културата. Недостатокот на длабок и суштествен дијалог како и засилувањето на воинствената и агресивна реторика ја засилуваат суштествената улога на уметноста во светот. Секако тука важен дел зазема филмот, а фестивалите стануваат исклучително важна алка за одржување во живот на истата. Фестивалите, пак кои трагаат по новите важни филмски авторски гласови и овозможуваат простор за нивните први дела стануваат есенција во процесот на опстанок и развој на филмот како уметност. Секако таков е „Киненова“. Стигнавме и до седмото издание. Седумка е вообичаено среќен број. Имаме, среќни, вредни и талентирани луѓе, врвни филмски автори кои ни гостуваат на Фестивалот, рече Јовановиќ.
Фестивалот го отворија младите хрватски режисери Андрија Мардешиќ и Давид Капац, чиј филм „Чичко“ е дел од главната натпреварувачка програма на Фестивалот.
-Чест ни е што во толкав голем број дојдовте вечерва. Ние филмот почнавме да го работиме во истата година кога се одржал и овој фестивал за прв пат. Пред седум години. Така што филмот и фестивалот се иста возраст. Два дена се дружиме со овие прекрасни луѓе и за нас ова е голема одговорност и голем предизвик што одлучивте да го прикажете нашиот филм на отворањето на Фестивалот. Вообичаено сите велат „уживајте во филмот“, но ние би сакале вечерва да ви кажеме „среќно“!, рекоа Андрија и Давид отворајќи го фестивалот.
Улогите во „Чичко“ ги толкуваат: Предраг Мики Манојловиќ (Predrag Miki Manojlović), Ивана Рошчиќ (Ivana Roščić), Горан Богдан (Goran Bogdan), Роко Сикавица (Roko Sikavica), Каја Шишмановиќ (Kaja Šišmanović)
Дејствието на филмот се случува во Југославија, доцни 80-ти. Семејството го пречекува својот омилен чичко кој за божиќните празници се враќа од Германија. Повторно собраното семејство ужива во празничниот ручек. Дружбата за момент ја прекинува ѕвонењето на паметниот телефон. Набргу станува јасно дека не се работи за 80-те години, а се чини и дека не се работи за Божиќ. Освен свечено испечената мисирка, изгледа дека со ножот може да се пресече и напнатоста во воздухот. Феноменално превртен филм од Балканот кој ретко се гледа.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…