Култура

Фестивал на документарни музички филмови

Фестивалот на документарни музички филмови ќе биде отворен со изложбата на фотографии на британскиот фотограф Брајан Рашиќ, кој ќе биде присутен на отворањето.

Изложбата ќе презентира фотографии соДејвид Боуви, од неговите концерти, почнувајќи од турнејата на Боуви од 1983 насловена „Serious Moonlight“, преку „Tin Machine“, па сѐ до последните турнеи од 2002 и 2006, пред неговото повлекување од сцена.

documentarni muzicki filmovi

Почнувајќи од први јули, во текот на петте фестивалски денови, во просторот на Сули Ан (Факултет за ликовни уметности) во Старата скопска чаршија, ќе бидат прикажани 13 музички документарни филмови од домашна и од странска продукција, кои на авторски својствен начин ја обработуваат темата на музиката: биографски, промотивни, но и филмови со силна социјална тематика.  Следејќи го фестивалскиот концепт за приближување на македонската со европските и светските музички и филмски култури, фестивалот секоја година ќе има различна земја-партнер. Годинава тоа е Германија и со поддршка на Германската амбасада, во Скопје пристигнува и режисерот Ули Шупел, авторот на филмот „Ник Кејв – Патот до Господ знае каде“.Македонските документарни филмови се исто така вклучени во програмата на „Skopje Cinema City“. Меѓу нив се „Јас сум андерграунд“ – филм посветен на бендот „Шутка рома рап“, „Денот да е радосен“ за Културно Уметнички Работници, како и премиерата на филмот „Уметници за жици“ за изработувачите на инструменти од чаршијата, семејството Гиевски.

Покрај филмската програма, во рамки на фестивалот на 2, 3 и 4 јули во кафе-барот „Менада“ ќе бидат организирани и работилници, предавања и мастер-часови поврзани со филмската музика, музичката продукција и културниот менаџмент. Репризи на дел од филмовите ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија и во кафе-барот „Менада“. Секоја фестивалска вечер ќе биде заокружена со музички настани во „Менада“. Главен партнер на „Skopje Cinema City“ e винаријата „Бовин“.

Инаку, вечерва во бистро „Бруклински“ ќе се одржи забава како најава за Фестивалот на музички доументарни филмови – „Skopje Cinema City“, кој оваа година се организира за прв пат под  мотото „Филмови, музика и вино“, и е дел од „Скопско лето 2015“ во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Автор:

Слични статии