
Уставниот суд засега го спаси ГТЦ од барок
— 6 април, 2017Уставниот суд донесе привремена мерка, односно стопирање на идејата на Владата, ГТЦ, Македонската опера и балет и Универзитетската библиотека да се облечат во барок.
Уставниот суд засега ги спаси од барок овие три објекти, откако Владата лани во јули овие објекти ги прогласи за објекти од посебен интерес и му ја зеде ингеренцијата на Општина Центар за нив. Со мнозинство гласови, Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој овие објекти се прогласуваат за објекти од посебен интерес заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. Според овој член, Владата може без никакви критериуми, по своја желба, волја, потреби и вкус, да донесе одлука да прогласи објект што е од посебен интерес и да го видоизменува, растура, доградува, преправа. Освен што ја донесоа оваа одлука, уставните судии изгласаа и времена мерка запирање на сите активности на Владата за каква било активност додека Уставниот суд не донесе одлука за членот 50, кој е оспорен во целост. Иницијативата до Уставниот суд ја поднело здружението на архитекти „Проблесок“.
Зад иницијативата стојат и неколку невладини организации и граѓани, кои сметаат дека со овој член од Законот се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Според нив, со оваа одредба и се дава можност на Владата без јасно определени критериуми да определува градби од посебен интерес.
Уставниот суд сега решението за поведување постапка треба да го прати до доносителите на актот, до Владата и до Собранието. Им се дава рок од 30-40 дена тие да одговорат, да испратат мислење, а потоа на седница уставните судии ќе гласаат дали тој ќе биде укинат односно поништен.
Со ланската постапка на Владата се отстрани Општина Центар како последната пречка за преслекување во барок на овие објекти, оти градоначалникот Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот. Со статусот објекти од посебен интерес, за овие објекти Општината нема никакви ингеренции. Плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење место Општината и Градот, како за сите останати градби, ги издава Град Скопје. Судија – известител за овој предмет е уставната судијка Наташа Габер – Дамјановска.
Барокот за ГТЦ го осмислија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според нивниот проект трговскиот би се надградил за уште еден кат, би се затворил од сите страни и би се направиле влезови со антички столбови, а на покривот предвидени се три куполи како оние на Собранието и скулптури.
За барок на МОБ и на Универзитетска библиотека се уште нема проекти, но и за нив Владата донесе одлука да се прогласат за објекти од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документција, терминологија зад која, според архитектите, се крие најавата за преслекување во барок.
Автор:
Слични статии
-
-
„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на сцената на МОБ
6 ноември, 2018 -
„Марија Калас – час“ претстава во МОБ
2 ноември, 2018 -
Годишна програма на МОБ прилагодена на јубилејот, 70 години постоење
27 јануари, 2017
Последни статии
-
По исповедта на Милена Радуловиќ: Можеби таа досега молчела заради тебе
— 19 јануари, 2021Живееме во општество на молчење. Ги учиме децата да не им се спротивставуваат на авторитетите, премолчуваме изживувања на шефови и политичари, соседи кои си ги тепаат сопругите… И потоа ја прашуваме неа зошто молчела? Милена Радуловиќ прозборе и не е сама. Уште четири колешки од актерската школа пријавија во полиција дека ги силувал или сексуално…
-
Темните коридори на гротеската
— 18 јануари, 2021(Кон збирката раскази „Парадоксикон“ на Томислав Османли во издание на ВИГ Зеница, Скопје, 2020 година) Говорејќи во една прилика за концептот на неговиот нем филм, големиот Чарли Чаплин меѓу другото го рекол и следното: „последните движења на душата се без зборови, животински, гротеска или со неспоредлива убавина“. Томислав Османли во своето најново дело, збирката раскази…
-
„Неговиот живот е прекор за цинизмот “: што научивме во овие пет години без Дејвид Боуви
— 16 јануари, 2021Утрото на 11 јануари 2016 го вклучив радиото и ги чув вестите дека Дејвид Боуви починал. Брзо започнав да ги менувам станиците надевајќи се да пронајдам некој паралелен универзум каде е се’ уште жив, но ги имаше само засипнатите гласовите на презентерите кои ги задржуваа солзите додека во позадина течеа извадоци од фасцинантниот музички свет…
-
Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница
— 15 јануари, 2021Националната комисија на УНЕСКО на Р. Македонија, денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите…
-
Македонски артефакти и икони на нелегалните пазари во Азија
— 15 јануари, 2021Над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија. Ако досега завршуваа на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија. Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско…
-
Пренасочен реалитет (или исфрлен од колосек)
— 13 јануари, 2021(Кон претставата „Лоунли плланет“ во продукција на Атеље 212 од Белград. Автори и главни улоги: Маја Пелевиќ, Димитрије Коканов, Олга Димитриевиќ, Тања Шљивар и Игор Коруга.) Најзастрашувачката синтагма во опасната и депримирачка година 2020 е „новото нормално“ која остана како еден вид на симплифицирана варијанта на „Големиот Брат“ на Орвел. Во годината која секако дека…
-
Почина академик Георги Старделов
— 11 јануари, 2021На 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). Старделов е роден на 28 август во Гевгелија, дипломирал на Филозофскиот…
-
Не знаевме дека шахот е толку добар на екран
— 9 јануари, 2021Гари Каспаров, еден од најголемите шахисти во историјата, главно не е воодушевен од приказите на шахот на екран. „Секогаш гледаш дека го користат луѓе кои не се професионалци“, рече Каспаров во јавувањето од Хрватска. „И мошне често, позициите на таблата немаат никаква смисла.“ Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат…
Напишете коментар